Љубов е кога ти ја држи ташната пред гардероба па колку и да изгледа смешно.

Ако е кампања нека прска

Ѕверките на Шанел

Gabrielle Bonheur “Coco” Chanel е Божицата на високата мода. Тоа е се што треба да знаете ама можам малку да се замуабетам околу неа. Живеела во време кога жените се облекувале прилично секси и од нив се очекувало да кокетираат на забавите но феминистичката страна на Коко тоа малку го презирала. На почетокот си прекројувала машки одела и си правела интересни елегантни работи за носење за да биде уникатна. Некои биле воодушевени од тоа како ја истакнува елеганцијата и и се укажува можност да креира и натака све си знаете. Коко го има измислено little black dress, сега веќе основа на секој женски плакар. Во 1983 главен дизајнер станува Karl Lagerfeld и Chanel продолжува да доминира. Секогаш имаат најјаки заштитни лица, еве неколку

Catherine Deneuve, 1974. Во тоа време во кампањите учествувале најчесто модели па ангажирањето на актерката за лице на Chanel No. 5 било одличен избор. Парфемот се продавал брзо и станал апсолутен хит.

Веднаш по снимањето на Moulin Rouge, Nicole Kidman ја побарал Karl Lagerfeld за да глуми во краткиот филм за Chanel No. 5 на Baz Luhrmann, режисерот на Moulin RougeСе претпоставува дека тоа е најскапата кампања на сите времиња која чинела 33 милиони долари.

Audrey Justine Tautou, 2009. Откако го сними Coco Before Chanel, се појави и во кампањата на брендот која ја режираше Jean-Pierre Jeunet, режисерот на Amélie 

Keira Christina Knightley 2016, заштитно лице на Coco Mademoiselle, исто така снима кратки филмови за брендот презентирајќи и накит и кармин.

 

Tags
Back to top button
Close