Се додека комшиката не го извади шпоретот на тераса за мене не е пролет!

Жената што владее со Chanel

После 30 години го зема брендот во свои раце

Габриел Коко Шанел ја основаше својата модна куќа без која не може да се замисли денешниот свет на модата. До лани, креативен директор беше Карл Лагерфелд, но по неговата смрт ни стана јасно дека некој друг ги влече конците во позадина.

Но, мнозински сопственици на оваа модна куќа се Ален и Жерар Вертхајмер, кои па се внуци на Пјер Вертхајмер, кој ѝ бил прв бизнис-партнер на Коко. Приказната околу сопствеништвото и уделите во овој бренд е покомплицирана отколку што можеме да замислиме, левел шпанска серија, па тоа ќе го оставиме за другпат.

Овојпат ќе се посветиме на една жена, 58-годишната Виржин Вијард, која кариерата ја започна како асистент костум-дизајнер на Доминик Борг, а во 1987 работеше во погонот за рачно и машинско везење на Chanel. Карл Лагерфелд во неа препознал вистински талент и ја земал со себе за да работи за него за брендот Chloe. Потоа заедно се вратија во Chanel и таа стана главна шефица во модното дизајнерско студио на компанијата. По смртта на Лагерфелд, Виржин е уметнички директор на куќата Chanel во Париз.

На прашањето кој е одговорен за сите оние маестрални креации на Лагерфелд во последните три децении, одговорот е Virginie Viard, моден гуру кој обожава да изгледа лежерно, но и елегантно, сака фармерки, носи едноставна облека, во комуникацијата со медиумите е одмерена и ретко дава интервјуа. Но, тоа не ја спречува да биде мајстор во хендлањето на вака сериозен бренд, како наследник на една од најмаркантните фигури во модниот свет.

За нејзе се велеше дека не се знае кому е лојална, дали на Chanel како бренд или на Лагерфелд како дизајнер. Очигледно и на двајцата, бидејќи дури и по неговата смрт, таа успеа да ја задржи препознатливоста која тој ја внесе во брендот, зачувувајќи и голем дел од оригиналната автентичност која некогаш ја креираше легендарната Коко.

Меѓу останатото, Виржин е и прва жена после Габриел Коко Шанел која е директор на брендот. Таа, всушност, повеќе од 30 години влече конци од позадина, и во буквална и во преносна смисла, за конечно денес да ја живее заслужената слава.

Tags
Back to top button
Close