Живеам опасно – ќе се качам на вага!

Чувајте ги и миленичињата

Тие не треба да страдаат поради паниката

Сопствениците на домашни миленици, маче, куче, што и да е, често се збунети поради напливот на многубројни, но и непроверени информации околу тоа дали може да се заразат со коронавирус, а потоа и дали може да го пренесат.

Но, да разјасниме уште на почеток, голем број светски ветеринарни асоцијации, како и СЗО и Центарот за контрола и превенција од болести во САД веќе потврдија дека шансите вашето милениче да се зарази се  мали, исто како и оние да ви го пренесе вас. Всушност, зошто би се секирале ако вие сте одговорен сопственик кој добро се грижи за своето милениче.

Сепак, неинформираноста придонесе во светот да се зголеми бројот на напуштени миленици токму кога избувна пандемијата. Како што вие се прилагодувате на овие услови, така треба да им помогнете и нив да се прилагодат. Ако имате куче, почитувајте ги препораките за одговорно шетање или обезбедете дел од домот каде ќе можат да вршат нужда, со оглед на ограничувањата. Кај мачињата што ги чувате дома е полесно, тие секако си имаат песок каде ги вршат тие потреби.

Кога купувате во маркет (се надевам не сте од тие што грабате сè што има на рафтовите), обезбедете некое пакување храна плус за миленичето, за да не треба да излегувате често и да се изложувате на опасност самите.

А што се однесува до уличните животни, ако сте во можност, оставете храна на места каде се движат. Не мора тоа да биде за сите, но доволно е да знаете дека едно, две, три животинчиња не се гладни, особено сега кога движењето на луѓето е значајно намалено.

И да повториме пак, после секое галење, хранење, собирање измет, измијте раце. Така се чувате и вие и го чувате и миленичето.

Tags
Back to top button
Close