Не ми е тоа салце, тоа ми е изолација!

Ако имаш веѓи нека се средени

Возможно е, само полека и внимателно

Колку и да ни беше смешно на почеток дека од карантин ќе излеземе како Јети и со споени веѓи левел Фрида Кало, откако козметичарите престанаа да работат, на некои луѓе тој хорор им се претвори во реалност.

Но, знаете што? Имате дома чупалица и огледало. Ама, пред да им се нафрлите на веѓите и да корнете кај ќе ви се фати, треба малку да обрнете внимание на облик на лице, на физиономија, на боја, природна форма, затоа што сите тие си имаат улога во тоа како изгледате. А за да се видите како реално изгледате направете селфи, бидејќи огледалото дава малку поинаква перцепција.

Таму можете точно да видите каде треба да се отстранат влакненца, а каде да се остават. Тие што се повешти ќе знаат и без да бележат, а другите, помогнете си со моливче на пример со кое ќе го пополните делот што треба да остане, а остатокот да се отстрани.

Пред да почнете да ги обликувате веѓите, исчистете со тоникот или со мицеларната вода, а еве и една финта, ако го измиете лицето со прилично топла вода или ако се истуширате, од топлината фоликулите ќе бидат поотворени и помалку ќе боли.

Најважно: Следи ја својата природна линија на облик на веѓите. Кога имате доволно време, нема зошто да брзате. Со закосена чупалица одвојувајте ги вишокот влакненца и после тоа искубете, едно по едно. Зачешлајте ги убаво веѓите и ако некаде нешто штрчи, дозволено е да употребите и ножичка.

Ако сепак, ништо од ова не ви влева доверба и не сте сигурни дека ќе можете сами, подобро е да почекате да помине карантинот и да си закажете кај козметичар. Ако направите беља и искубете нешто повеќе, на веѓите им требаат околу 5 или 6 недели, зависи од човек, за повторно да израснат.

Бонус совет за нега на веѓи: Измијте шишенце од стара маскара, заедно со четката. Оставете неколку дена убаво да се исушат и потоа наполнете го пакувањето до пола со рицинусово масло, потоа една четвртина со бадемово и на крај ставете ја содржината од капсула витамин Е. Измешајте добро и еднаш во денот ставајте на веѓите со четкичката.

Tags
Back to top button
Close