Убав е мајко ама глупости ми раскажуе

Од короната многу се сонува

И има логично објаснување за тоа

Многу луѓе се жалат дека откако е почната самоизолацијата кога навечер спијат, сонуваат секакви чудесии, а соништата се толку реални што често се запрашуваат дали можеби тоа нешто навистина се случило.
Секако, тоа не е директна последица на заразата, туку е нормална реакција на атмосферата која се создаде со сите препораки и наредби. Факт е дека сега седиме повеќе дома и голем дел од нас веќе го немаат физичкиот замор кој претходно го имале. Значи, спиеме за да го одржиме природниот циклус на нашето тело, а не затоа што многу сме се измориле во текот на денот. Многу нешта влијаат за повеќе и пореално да сонуваме, особено тука (како и за многу други работи) голема улога игра стресот. На некој начин, коронавирусов предизвикува колективна траума и не е чудно што вашиот мозок е оптоварен со бројки, податоци, прогнози, информации и нови вести. Сето тоа се рефлектира на потсвеста, која пак се проектира во нашите соништа.


Друго, дури и да сакаме, не можеме да одржиме еднаков ритам на живеење како и претходно. И тоа си влијае и тоа многу. Проблемот со реалните и чудните соништа е глобален, а тоа се должи на фактот дека навистина не се заморуваме толку физички и на сметка на тоа го полниме мозокот со многу податоци, од кои голем дел претходно не сме ни знаеле дека се битни.
Ако во сонот постојано ви се појавуваат исти шеми на настани, препознајте што всушност ви тежи, за да можете тоа да го решите на јаве и веќе да не ве измачува додека спиете. Секој стрес си влијае врз нас, па така и овој. За помирна глава и подобро спиење, развијте механизам на справување или помирување, бидејќи во моментов не можете многу да смените. Во мигот кога интензивните живописни соништа ќе се намалат, значи дека полека се ослободувате од товарот кој ве мачи. Не грижете се, во моментов ова е нормално. За натаму, ќе биде сè во ред.

Tags
Back to top button
Close