Многу ми е жал за овие со коли над 30 000 евра шо не им останале 40 денари за паркинг па мораат да се паркираат на трета лента пред кафич!

Спречи нервен слом за празници

Во случај да дојде до тоа

Стресот нè дружи веќе месец-дена, па скоро и да се навикнавме на него, без да го забележиме како нè јаде однатре, некого помалку, а некого повеќе.

Стравот од зараза, неизвесноста кога пандемијата ќе заврши, бројките на заболени, на починати, на казнети непослушници кои не почитуваат прости наредби си го прават своето. Признале или не, целото ова искуство нè смени и како поединци и како колектив (надежно), а анскиозноста и стресот ни станаа скоро па нормални.

Ситуацијата не е таква да треба да го следиме вообичаениот ритам. Пред сè, не се уморуваме толку физички како претходно, а телото трпи телесни промени поради тоа. Нашиот природен и вроден механизам за преживување ќе ни помогне да излеземе од кризата, но мора да се помириме дека нашиот нервен систем, а со тоа и самото тело се постојано на висока тревога, повисока од обично.

Ај сега сетете се: Колку пати деновиве се исплашивте за својот живот и за животот на најблиските? Колку пати се вознемиривте поради вестите на ТВ? Колку пати испрскавте и пребришавте со средство за дезинфекција? Не му давајте на овој стрес да ве прегори, туку обидете се да го минимизирате ефектот на некој од следниве начини:

Слушајте го телото

Вашите ритам и рутина се сменети. Ако му треба спиење, спијте, ако му треба храна, изедете нешто, ако ви се раздвижува направете го тоа соодветно на препораките. Инстинктот самиот ви кажува што ви е потребно.

Бидете љубезни кон себе

Стресот и анксиозноста се како бесконечна борба за воздух. Ако врз сето тоа вие сте и строги кон себе, може да си направите да сакате да излезете од своја кожа. Затоа, барем овој период, бидете малку попопустливи кон себе и дозволете им на телото и умот да одморат.

Не ги потценувајте дремките

И седењето може да ве измори, иако ова звучи малку смешно. Можеби не сте физички најактивни, но вашиот нервен систем процесира со 1000 на саат, па ако ви е потребно да поспиете на 10, 15, 20 или колку и да е минути, направете го тоа, наместо да бидете раздразливи до крајот на денот.

Обновете ја енергијата

Без разлика дали имате двор или тераса или прозорец, можете да „фатите“ малку сончеви зраци кои го подобруваат расположението. Тоа веднаш ќе го стави стресот под каква-таква контрола. Дишете правилно и малку раздвижете се. Бидете трпеливи со своето тело. Навиките што ги градевте со години не се губат така лесно за еден месец и нормално е да ви недостигаат претходните активности. Не дозволувајте чувството на немоќ да влијаете врз ситуацијата да ве обесхрабри и скрши. Како-така, ова ќе помине, а вие треба да излезете како здрава и функционална личност од карантинов.

Tags
Back to top button
Close