Кога седиш во кафич не мора да се дереш и да се смееш и да сметаш наоколу, не мора сите да знаеме дека си симнат од планина!

Како е да бидеш во отворена врска?

Во моментов популарно во Хрватска

Како и за регуларните „затворени“ односно моногамни врски, така и за отворените, важи пред сите други, едно основно правило – се сакаш себе и најмногу себе прво, а потоа другите.
Откако го расчистивме ова, преминуваме на следното. За тие што мислат дека отворена врска значи оправдување за изневерување, веднаш да кажам дека не е така, бидејќи на отвореноста се согласуваат и двајцата, а таа подразбира и постоење на некој втор, трет, четврт во односот. А знаеме дека секој однос, отворен, затворен, ексклузивен, пријателски, па дури и семеен се заснова на доверба и комуникација, бидејќи во недостиг на комуникација цели светови се распаѓале.
Значи како што рековме:
1. Сакајте се себе, многу!
Затоа што точно треба да знаеш кога тој отворен пропаст станува лош за тебе и дури ни страста и добриот секс не го вадат. Не се согласувај на отвореност ако мислиш дека не е тоа за тебе, дури и ако тоа значи веќе никогаш да не го/ја видиш. Не сакаш од таков минлив однос да се чувствуваш повредено и отфрлено.
2. Нема строги правила
Во отворените односи нема цврсти правила, нема ексклузивност, нема простор за барање и давање отчет, не се потклекнува под притисокот на другиот и не се врши притисок врз другиот. Имало и ќе има отворени односи што завршиле со затворање и биле основа за поефикасно запознавање и подобра врска. Но, не секој ваков однос е предодреден да успее. Ако почнувате да се премислувате, разговарајте или дистанцирајте се, во зависност од заедничкиот заклучок.
3. Сексот не е решение
Сексот е важен, но не го користете како алатка за другиот да го врзете за себе. Очајно е, колку и да ни се чини дека хемијата која настанува во текот на односот нè зближува со другиот. Многумина мислат дека сексот решава проблеми, па се согласуваат и на нешта кои не им се допаѓаат. Не е тоа начинот. Ако гледате дека не бива, чувајте си ја енергијата за некој/а друг/а што ќе вреди.
4. Држете си ги очекувањата под контрола
Отворена врска може да трае долго, но не може да се крстиме во тоа дека засекогаш ќе биде така. Нормално е да имате очекувања, но потрудете се тие да не ја надминуваат црвената линија кога ја исцртавте со дефинирањето на односот. А и бидете подготвени на тоа дека и самите можете да се премислите, па да почнете да барате партнер за сериозна врска, што значи мора да бидете фер и кон себе и кон другиот.
5. Контрола и над љубомората
Љубомората е нормална, дури и во односот меѓу две сестри, а не пак во обидот да се зачува нешто што не ти се паднало од раѓање. Трикот е во тоа да можете да зборувате за својата љубомора, да ја признаете дека постои. Ако ја чувате во себе, ќе ве изеде. Во моментот кога ја кажувате на глас реченицата „Љубоморен/на сум“, сфаќате дека и не е толку негативна. На крај, сите сме луѓе, не сме машини.


6. Ставете граници, но не цврсти
Секоја немоногамна врска има норми и граници кои ги дефинираат оние кои се вклучени во неа. Можете да имате еден примарен партнер и други споредни или пак да бидете подеднакво посветени на играчите во играта. Сепак, овие граници може да се поместуваат, бидејќи останува просторот за „затворање“ на врската. Ако се употребуваат вистинскиот начин и пристап и камен може да се скрши, а не пак граница поставена со договор меѓу двајца.
7. Отворањето на затворена врска не е решение
Ако имате проблем во врската може ви се чини правилно да ја „отворите“, односно да останете заедно, но и да имате простор за среќавање со други. Ова е една од најпогрешните причини зошто да имаш отворена врска. Наместо тоа, или поработете на надминување на проблемот или раскинете, па ако има фора попосле може ќе се смирите или пак, ќе сфатите дека сепак не треба да сте заедно.
8. Искреност и со вторите, третите, стотите…
Ако влегувате во некаков однос, а зад себе имате отворена врска, треба тоа да го кажете на секундарните личности. Така е фер кон нив, за да си знаат и да ви кажат дали им одговара или не. Криењето нема да донесе ништо добро. Уште едно нешто што морате да го имате на ум е дека ваквата отвореност може да донесе и потенцијално зближување со секундарните партнери, па одново градење на граници и црвени линии. Не е исклучена можноста примарниот партнер да излезе од игра, доколку во тие отворени односи најдете некој кој подобро ве надополнува и исполнува како личност. Но, не заборавајте дека и вие можете да станете секундарни.
Спремни сте на ваков чекор? Размислете уште еднаш и не игнорирајте ниту еден аспект.

Tags
Back to top button
Close