Никад не јадам после 7 пошо не е здраво. Али затоа после 9

Грешки во социјалното дистанцирање

И како да не ги правиме

Изминува вториот месец откако се самоизолираме и социјално се дистанцираме. Веќе ни стана скроз нормално луѓе наоколу да се шетаат со маски и фала Богу, да не се гушкаме и бацуваме со секого.

Прво ни беше чудно состаноци да држиме онлајн, да работиме од дома, да вежбаме со лајв-видеа и конечно да имаме време да се посветиме на себе.

Социјалното дистанцирање на долгорочен план дава ефект, но само ако правилно се применува. Она што може да го забележиме е дека препораките се кршат и дека поради тоа не се ефикасни колку што треба да бидат.

Ова се најчестите грешки што ги правиме периодов:

  1. Ја нормализираме ситуацијата

Велат дека ако нешто правиме цело време во тек на 21 ден, веќе на 22-от тоа ни станува нормално. Но, едно знајте. Пандемија не е нормална ситуација. Знам дека се навикнавте на состојбата, но тоа не значи дека е нормално да шетаме со маски и панично да се миеме со алкохолни дезинфициенси.

  1. Забораваме на другите опасности

Бидејќи стравот и паниката ни се фокусирани на коронавирусот, забораваме на другите опасности. Мал број примери за тоа се дека спиеме повеќе, јадеме повеќе, малку се движиме, но и некако самиот мозок ги игнорира сите тие работи, во борба да биде во тек со развојот на ситуацијата.

  1. Го игнорираме емоционалното здравје

Штитејќи се од вирусот, забораваме на уште еден многу битен аспект на нашата генерална состојба – емоционалното здравје. Многу луѓе комуницираат со саканите преку Скајп или Фејсбук, реалната комуникација е намалена, ризичните групи се изолирани, а некои луѓе дури и се сами со месеци поради тоа што работата им е поврзана со ризик.

  1. Мислите дека мерките се за џабе

Ова е поврзано со првата точка. Само затоа што се навикнавте на кризата, не значи дека е нормална и дека сега не мора да ги преземате сите потребни мерки. Додека официјално да заврши пандемијата, на нас е да направиме сè што е во наша моќ за да се заштитиме и себе и оние кои ги сакаме од потенцијална зараза.

  1. Ве плаши враќањето во нормала

Во средината на март нè пукаше анксиозност што премногу сме дома. Сега пак, нè плаши враќањето во нормала, откако сфативме дека можеме да плаќаме сметки, вежбаме, работиме и купуваме додека седиме во омилената фотелја. Факт е дека овие неколку месеци нема да ги заборавиме, но не значи дека треба да дозволиме да нè истрауматизираат.

  1. Промена на социјалните норми

Не е страшно ако во текот на социјалното дистанцирање ненамерно прегрнете некој кој сте го сретнале или сте застанале преблиску во маркет со друга личност. Нашето целокупно однесување е диктирано од наметнатите социјални норми, кои во голем процент ќе бидат променети после коронавирусот. На пример, ако некогаш беше задолжително да се ракувате со некого, сега баш и не морате, со што ќе се скршат некои популарни верувања дека тоа е знак на почит и воспитување.

Tags
Back to top button
Close