Тоа што можеш утре не оставај за денес!

Подобро сами отколку со идиоти

Јаките жени веќе го прават тоа

Зборувавме неколкупати досега дека самопочитта и себесакањето се нешта кои треба да ги практикувате и од кои не треба да отстапувате по никоја цена. Веќе рековме, ама и пак ќе повторам, секој треба да си е приоритет себе и да не дозволи некој друг да му одредува како ќе живее и што ќе прави.
Силните жени знаат како да застанат зад своето и не им треба потврда од никој друг. Тие се научени да се борат, но и да знаат што е вистинското значење на независноста. Кога имаат проблем, не глумат жртви (добро, може само 5 минути) и ги преземаат нештата во свои раце. Знаат како да го грабнат она што им припаѓа и да го отфрлат што подалеку она што им создава проблеми.
Овие жени успеале да се научат што сакаат и како да се соочат со предизвиците уште кога биле помлади. Затоа единствена личност која некогаш им била потребна се тие самите. Но, не било секогаш така. Тие само успеале да ја сфатат суштината на живеењето и дека смислата си ја даваат самите, а не некој кој го запознале на журка или дејтинг-апликација.
Јаката жена ќе ја познаете по нејзиниот цврст став, безрезервната поддршка, независноста, стабилноста, но и борбеноста да излезе на површина секогаш кога некој ќе се обиде да ја повлече во кал. Никогаш не дава повеќе отколку што е разумно, ниту пак очекува од некој друг нешто.
Околу неа никогаш нема да видите просечна личност која не знае да се однесува како што треба. Токсичните врски за неа се големо „не“, бидејќи знае како тоа може да го уништи животот и на едниот и на другиот. Кога сакаат, знаат дека треба да го дадат своето време и љубовта на личност која ги заслужува. Не се врзуваат по секоја цена, со секакви луѓе, особено не со идиоти кои не знаат да ценат ниту време, ниту посветеност. Попрво би останале сингл и би оделе на необврзувачки состаноци, отколку да бидат со личност покрај која го губат својот идентитет.
Сите треба да го следиме нивниот пример и да знаеме дека посреќни би биле сами, отколку да трпат некого само за да бидат во врска. Затоа, бидете тие што сте. Не дозволувајте брачниот статус да ве дефинира кои сте. Тешко е во општества каде тоа е вкороенета вредност, но и самите треба да сте свесни дека посреќни би биле да сте сами и да бирате што ќе правите, отколку некој да ве труе со тоа што треба и што не треба. Затоа што вие ја заслужувате сета среќа во универзумот, вашата љубов давајте си ја најмногу себе, а остатокот споделете го со другите, но само кога е вистинско време за тоа. И ако заслужиле.

Tags
Back to top button
Close