Ми се приспива и само што ќе згасам знам дека ќе почнам со “кузнае кај ми е таа блузата црвена”, “платив ли телефон”, “има ли живот на Уран”

Проблемот со маските и акните

И како да го надминеме

Кога почна топлото време на сите веќе ни беше јасно дека носењето маски е отежнато, а втор проблем покрај дишењето, е и појавата на акни во делот околу устата кај голем број луѓе, особено девојки.

Причина за тоа е кондензацијата на воздухот, неговото ротирање во воздушниот простор меѓу маската и кожата, контаминирање на порите, нивно затнување и потоа очекуваната појава на акните. Сепак, правило си е правило, маската мора да се носи, па на нас останува овој проблем да го решиме или спречиме:

  1. Носете текстилна маска

Маските за една употреба се практични, но во исто време материјалот е непропустлив за воздух, што е навистина добро. Но, постојат и навистина одлични текстилни маски, повеќеслојни, кои поради природата на самиот материјал пропуштаат повеќе воздух, а со тоа се намалува и кондензацијата. Овие маски се и доста економични, што би се рекло пери-носи, а и ако си го одберете дезенот по свој вкус, може да бидат и моден додаток.

  1. Мијте го лицето и перете ги маските

Знам дека немаше потреба да се спомнува ова, ама за секој случај еве го пак. Веднаш по носењето исчистете го делот од лицето што бил покриен со маската, за да ги отстраните бактериите и влагата.

  1. Практикувајте соодветна грижа за кожата

Дури и ако сте цел ден дома и не излегувате, па немате потреба од маска, сепак не заборавајте на соодветната нега на кожата. На пример, користете производи за ексфолијација, серуми, маски за лице, сè со цел за кожата да ви биде чиста и негувана за следниот пат кога ќе треба да ставите маска. Чистата кожа е помалку подложна на иритации.

Tags
Back to top button
Close