Исто така сум многу друштвена личност, штом видам некој да јаде седнувам и јас и му правам друштво!

И слушањето е поддршка

Не само да зборувате и советувате

Активното слушање можеби ни изгледа лесно, но признајте колку пати сте изгубиле концентрација додека некој друг ви кажувал нешто важно, па некои детали дури и не ги памтите дека ви биле кажани.

Сепак, слушањето е вештина која секој од нас треба да ја совлада за да биде подобар пријател, брат, сестра, што и да е. Зборувањето и давањето совети се исто така битни, но мора да знаете и дека некогаш, во одредени ситуации, многу поважно е да знаете да го слушате соговорникот, бидејќи тоа и му треба.

Да, јасно е, некогаш навистина не ви е до слушање, но сетете се на сите тие моменти кога некој ве слушал вас што имате да кажете и потоа веднаш ви било поубаво и полесно. Многу проблеми звучат решливи ако ги кажете гласно и споделите со некого. Затоа и оваа вештина, која од вас бара само зголемена концентрација, е и многу важна во комуникацијата со луѓето кои ви се блиски.

Секако, важна е и помошта која им ја пружате, времето кое им го посветувате и советите кои ви ги давате. Но, одредени ситуации бараат не повеќе од слушање, било да е тоа во физичко присуство или долг телефонски повик, па дури и пораки на Фејсбук или Вибер.

Кога некого ќе го ислушате што има да каже, вие помагате подобро да се справи со анксиозноста, стресот, несигурноста, давате премолчена поддршка, која многу често е и далеку поважна од советување и давање до знаење дека сте тука за што и да треба.

Истото би важело и во обратен случај. Ако се чувствувате за никаде, анксиозно и тажно и самите си знаете колку ви е важно некој да ве слуша додека да ви стане ситуацијата полесна и поподнослива. Затоа, комуницирајте со своите блиски, слушајте се, пишувајте си, па дури и видео-повици се добар избор. Постојат многу начини како да помогнете некому да се избори со тагата и непријатното чувство на анксиозност.

Затоа, не потценувајте ја моќта на ефективното слушање и бидете вистински пријатели и поддржувачи на оние кои ги сакате.

Tags
Back to top button
Close