Има нешто привлечно кај луѓето што се радуваат на туѓа среќа

Ако ви дојдат солзи, стркалајте си ги слободно

Плачењето е здраво

Навикнати сме дека луѓето плачат кога се тажни, кога им се случила несреќа, смрт во семејството, кога раскинуваат, кога не се среќни со животот, кога им се случиле низа настани кои направиле да се чувствуваат лошо… Но, дали знаете дека плачењето има и позитивни аспекти, кои дури и се корисни за вашето здравје?

На пример:

Детокс на телото

Кога плачеме, се ослободуваме од голем дел од стресот кој е насобран во нас. Со тоа, воспоставуваме подобар баланс на нивото на хормонот кортизол, кој при стрес и нервоза може да се покачи до степен да ви предизвика и низа здравствени проблеми. Затоа, следен пат кога ќе се почувствувате дека ви се плаче, не се воздржувајте, бидејќи нема ништо лошо во тоа.

Ослободување од емоционална болка

Стресот води кон емоционална болка. Тоа е онаа која не можете да ја излечите со кетонал или ефридол, туку едноставно тлее во вас и треба да избие на површина, за да се почувствувате ослободено. Многумина би ви препорачале помош од психотерапевт или психијатар, но лековите кои би ви ги дале ќе имаат само привремен ефект. Но, ако научите да ги искажувате своите емоции и да бидете поотворени во однос на тоа, вашето тело ќе ги прифати и ќе научи да се носи со нив, макар и ако тоа значи да плачете неколку ноќи по ред пред спиење.

Антибактериски ефект

Солзите ги прочистуваат солзните канали, кои може да бидат подложни на инфекции, со оглед на тоа што иако се минијатурни, тие се отворена „врата“ кон телото и лесно може да бидат контаминирани со честички и бактерии. Докажано е и дека во солзите има ензим лисозим, кој исто така има антибактериско дејство, па ако е за утеха, кога ни се слеваат солзите по лице, всушност правиме значаен skincare чекор, односно дезинфекција на површината на кожата. А тоа не е лошо.

Го подобрува видот

Солзите имаат и улога да го измијат окото од евентуални прашинки и други страни честички, но и да го навлажнат очното јаболко, што позитивно влијае врз вашиот вид. Сувоста на очите може многу лесно да направи да гледате лошо, па дури и да предизвика трајни последици. Солзите се најдобриот природен чистач на вашите очи.

Ве прави порасположени

Знаејќи дека плачеме кога не се чувствуваме баш добро, сигурно и добро ви е познато она олеснувачко чувство кое го имате потоа. Затоа, пак ќе ви речам, кога ви се плаче направете го тоа, подобро да чувствувате тага и патетика неколку минути, а потоа да се чувствувате добро, наместо да држите во себе и да си го уништите целиот ден.

Добро е за имунитетот

Многупати било научно докажано дека плачењето има позитивно влијание врз нашиот имунолошки систем, а особен ефект е покажан врз справувањето со алергии на кожата. Дури и луѓето со автоимуни заболувања потврдиле дека почувствувале олеснување на симптомите на болеста откако добро се исплакале.

Tags
Back to top button
Close