Вие сите што правите анализи на туѓи животи .. да ви оставиме и крв и мокрача?

Луѓе што не ви требаат во живот

Бидејќи раатот нема цена

Нашиот раат многупати зависи од тоа кои луѓе ќе ги задржиме во живот, а кои лабаво ќе ги отпишеме бидејќи ни се тотално непотребни. Во принцип, секој кој ве спречува да имате здраво секојдневие и меѓучовечки односи, не треба да е дел од вашиот живот.

Да видиме кои се тие шест типови на целосно непотребни личности во вашиот живот:

  1. Тие со кои имате минато, ама не и сегашност

А па уште помалку иднина. Тоа што со некого сте биле блиски во минатото, не значи дека така треба да останете и сега, особено кога гледате дека на никој начин не сте компатибилни. Тука може да стане збор за поранешен партнер, другар, колеги од претходно работно место, па можам дури и да ги спомнам и братучедите или роднините со кои држите некоја пристојност само поради крвната врска. Секако, ова не значи дека ги мразите луѓево, но минатите добри времиња не значат дека исто ќе биде и сега. Ако веќе никако не си се вклопувате едни со други, олабавете се, па ако се наместат коцките во иднина, ќе си се дружите пак.

  1. Тие кои прават да ви е лошо

Ако имате личности во вашиот живот кои ве бараат кога нив им е лошо или убаво, а притоа се незаинтересирани за вас и она што ви се случува, тогаш не ви требаат. Најдобро е покрај себе да ги држите оние кои ве поддржуваат, веруваат во вас и не прават да се чувствувате бедно дури и кога ги правите најголемите грешки или страдате поради непромислена постапка.

  1. Тие со различни основни ставови

Нормално е да бидете различни со вашите пријатели, сè додека имате разбирање и толеранција. Но, доколку секоја дискусија завршува со осудување едни со други поради политички ставови, религија, лични избори и други разлики, тогаш такви пријателства не ви требаат. Исто така, нормално е да решите да се држите до сопствените морални вредности, наместо да ги прифаќате оние на толпата. Доколку некој ве осудува или ви се потсмева поради тоа, слободно повлечете се од таа личност.

  1. Тие кои се секогаш во право

Тврдоглави личности поради кои цело друштво попуштате, само за да имате раат баш и не се здрав избор на пријатели. Како што знаеме, пријателствата и врските се засноваат на доверба, компромис, но и одговорност и зрелост. Ако некој не е способен да попушти и инсистира секогаш да е по негово, многу брзо таа личност ќе остане без пријатели.

  1. Тие кои секогаш преминуваат граници

Сите ние сме луѓе и грешиме, а ако не знаете да простите, многу често ќе бидете осамени. Наместо да простувате пак сè, поставете одредени граници, на пример колку доцнење можете да толерирате, кога е прифатливо да ви ѕвонат на телефон, кога одмарате, кога сакате време за себе… Тогаш ќе видите кој од вашите пријатели, па дури и членови на семејството, ги почитува вашите граници.

  1. Тие кои не ги сакате околу себе

Ако не уживате во нечие друштво и се чувствувате како да имате обврска да излезете и да испиете кафе, имам новости за вас – ниедно пријателство не се одржува сосила. Ако не ја сакате таа личност околу себе, не ни морате да ја имате. Причините можат да бидат најразлични, а одлуката е ваша.

Tags