Одлична сум во глумењето дека нема никаков проблем дур не ми се наместиш, е после сум за медаља

Нека знаат до кај можат со тебе

Постави здрави граници

Поставувањето на сопствените граници е многу важно ако сакаме да си го зачуваме менталното здравје, среќата, интегритетот и личниот идентитет. Постојат физички, емоционални, социјални граници, но и оние кои ги поставуваме на работното место.

Кога е врска во прашање, подеднакво е важно да ги поставите своите граници, без притоа да се плашите дали со нив врската ќе успее да опстане. Покрај границите, постојат и компромисите и ако заеднички со партнерот ги издефинирате тие нешта, многу полесно ќе биде да ја одржите здрава и да ги надминувате полесно конфликтите.

Ова се неколку од границите кои морате да ги поставите кога сте во врска, со цел да имате и повеќе време за себе, но и за да одржите здрав баланс во неа:

  1. Имајте самопочит

Од вас почнува и кај вас завршува одлуката да се почитувате самите себе, а со тоа и да им покажете на другите до каде можат да одат со вас. Не го губете своето „јас“ бидејќи сте во врска. Дајте јасна граница до каде може да се промените, но и за што нема да попуштите уште на самиот почеток.

  1. Не задоволувајте ги сите желби на партнерот

Кога сме вљубени и кога сè е во ред, многу лесно можеме да паднеме во замката на задоволување желби на партнерот. Ваквите „замки“ најчесто завршуваат со еднострана посветеност, додека другата страна постојано очекува дека ѝ следува тој третман.

  1. Балансирајте ја моќта во врската

Двајцата треба да сте вклучени во носењето заеднички одлуки, без едниот да биде постојано исцрпен од нови идеи, а другиот само да ги одбива, а притоа ништо да нема да понуди.

  1. Не викај „да“ кога не ти е до тоа

Не треба да се чувствуваш обврзана да речеш „да“ на ништо што не ти е по мерак или ќеиф или како сакаш речи го. Ако сте во врска, не сте должни еден на друг да си ги исполнувате сите желби, туку напротив, да научите да си ги почитувате границите.

  1. Почитувај го времето за себе

Избери дел од денот во кој ќе си се посветиш самата на себе, за што и да сакаш, дури и тоа да е само гледање во ѕидот. Најбитно е да ти причинува задоволство.

  1. Престани да чувствуваш вина

Зошто воопшто би чувствувала вина ако поставиш граници на толеранција во кој и да е однос во твојот живот?

Секоја врска, без разлика дали е пријателство, љубов, семејна, мора да има некои граници, бидејќи не е целта да ве обземе целосно и да го пополни секој ваш слободен миг, ниту да ја исцеди целата физичка и ментална сила од вас. Не е страшно да ги поставите, но најпрво разграничете со себе, пред да ги презентирате пред другите.

Tags