Мислам дека мажите ставаат слики на фб од петок кафана за жените да знаат кој све бил и што јаделе за да не го тапани дома

Сакај се себе, на најјако

Нека трепка!

Ако од нешто не се откажувам во животот, тоа е љубовта кон себе и како тоа да им го пренесам на другите, за конечно да сфатат дека во своите животи најбитни си се тие, па после сите останати.

По тој повод, да ве потсетам на работи кои веќе веројатно ги знаете, ама нема штета да бидат кажани уште 200 пати:

-Измешаните сигнали се најчесто „не“. Направи си услуга себе и земај ги за такви, додека да станат конкретни или исчезнат.

-Ако на некого сте му простиле, не значи дека повторно треба да имате ист однос како претходно.

-Не можете некого да промените со тоа што ќе му пружите повеќе љубов.

-Оние кои те повредиле еднаш, може пак да го направат тоа, да, дури и членови на семејството.

-Себесакањето е избор да не се расправате со оние кои постојано лошо ве разбираат и ви создаваат проблеми.

-Не троши време да ја придобиваш љубовта на погрешните луѓе.

-Извинувањето е чиста нула, ако не носи никакви промени во однесувањето.

-Не се троши себе за да докажеш на некој друг дека си вреден како личност.

-Не се задоволувај со ситници само затоа што се полесно достапни.

-Не се чувствувај лошо затоа што си ги надминал/а луѓето кои одбиле да пораснат заедно со тебе како личности.

-Заедничките и сличните трауми не значат компатибилност.

-Пандемијава не е оправдување да пишеш на поранешниот партнер, ни па да одговориш.

-Наместо да им угодуваш на луѓе што едвај ги познаваш за да оставиш впечаток, посвети се на оние кои веќе ги сакаш.

-Ако некој не сака да се смени, нема да го направи тоа колку и да го молиш и сакаш.

Сигурно имате уште нешто да додадете. Слободно направете го тоа.

 

 

Tags