И не ми треба никој шо ќе ми глуми во животов, имам јас другари глумци, коа ќе ми треба глумење ќе одам кај нив

„Скинкер“ и во 2021

Овојпат уште понапредна

Во 2020 наеднаш добивме време да истражуваме за грижата за кожата, па им навлеговме на серумите, витамините, ретинолите, киселините за хемиски пилинг во домашни услови и неизбежниот заштитен фактор.

Но, што се предвидува со трендовите за 2021? Ќе остане ли уште таа посветеност кон негата? За оние кои стекнале рутина, а нè има многу, веќе нема проблем да нанесуваме сè што е потребно. Притоа, брендовите и производителите стануваат поиновативни, ги подобруваат формулите, пакувањата, дизајните, трајноста и ефикасноста. Заедно со потрошувачите, растат и тие.

Според многумина, 2020 влијаеше директно врз нашите навики за нега, а многу компании го искористија тоа за да влезат на сите пазари низ светот. Една од инспирациите да почнеме поодговорно да се негуваме беа маскните, односно акните предизвикани од носење маски. Со оглед на ситуацијата, тие нема да исчезнат набрзо, па борбата против нив останува „тренд“, а исто така и:

  1. Микробиомска нега

Пробиотици, прополис, ензими, ферменти, се само дел од состојките кои веќе активно ги има во серумите, тониците и кремите за нега на кожата. Микробиоми се всушност бактериите кои живеат во нашето тело, без кои не би можеле да функционираме. Нив ги има и на кожата, па со соодветна нега всушност ја подобруваме нивната улога. Секако, зборуваме за таканаречените добри микроорганизми кои одржуваат здрав баланс меѓу нас и природата.

Top view of colorful beauty dispensers with body oils on white background.
  1. Заштита од сина светлина

Сина светлина е онаа која доаѓа од електронските уреди кои ги поседуваме и досега има докажано штетно дејство врз очите и врз природниот ритам на спиење. Е од следната година можеме да очекуваме „бум“ и во козметички производи кои ни ја штитат кожата од ова зрачење.

  1. Активни состојки против воспаление

На кожата, особено во зима, може да се појават воспаленија во најразлични форми, но има и личности со сериозни состојби, како егзема или псоријаза, чии третмани се многу скапи и може да бидат сериозен товар за буџетот. Но, ако на нешто се надеваме, тоа е дека козметичките брендови ќе најдат начин да ги прилагодат или да произведат нови производи токму за овие лица.

  1. Нега на рацете

„Скинкер“ не е само нега на лице, туку и на врат и тело, па дури и на дланките, кои оваа година навистина ги измачивме со спрејчиња или гелови за дезинфекција, кои реално ја сушат кожата. Излегоа и хидратантни дезинфициенси, но она што на многумина им е потребно е после оваа траума со антибактериски и антисептички средства, да воведат дури и неколку чекори нега на дланките за да ја обноват оштетената кожа.

  1. Пакувања што може пак да се користат

Пластиката е голем загадувач на природата. Многу брендови веќе наоѓаат алтернативи за да го спречат зголемувањето на количината на пластичен отпад, со тоа што потрошувачот, откако ќе го испразни пакувањето, може да си го купи омилениот производ „рефус“. Ова функционира со парфеми веќе долго време, па зошто да не и со козметика?

  1. Кожна бариера

Добрата кожна бариера подразбира и спречување на нечистотии и микроорганизми да навлезат во порите, но и да дава здрав и сјаен тен на вашето лице. Во исто време, работењето на кожната бариера помага здравите состојки да навлезат во кожата, а лошите да останат на површината. Многу повеќе производи ќе бидат достапни на пазарот токму за оваа намена.

Tags