Јас пари не ставам на страна не па шала

Ментален замор си постои

И реален е

Кога некој ќе рече дека е изморен, често тоа е проследено со „Е што, да не копаше цел ден?“, па еве ви во фаца – не мора некој да копа цел ден за да биде изморен. Менталниот замор може да биде далеку полош од физичкиот.

Истиот може да се случи поради стрес на работа, притисок од членови од семејството, од пријатели, од партнер, од монотона рутина, од отровна работна средина, постојана изложеност на непријатности од најразличен тип, особено нешта на кои не можеме да влијаеме, туку кои мора да ги прифатиме и да се помириме со нив.

Ќе слушнеме најразлични совети, од типот на „Не си земај при срце“, „Игнорирај“, „Пренасочи ја енергијата кон нешто друго“, но, сепак јас би ви кажала нешто што постојано го повторувам, сакај се себе и обиди се да ги детектираш следниве знаци дека се соочуваш со ментален замор:

– Лесно се иритираш и губиш трпение почесто и побрзо од обично, а немаш ни контрола над тоа. Очајно сакаш да се избориш против тоа, но не ти оди.

– Ти се случуваат панични напади и анксиозни епизоди, многу често без никаква причина. И траат со часови и ниту една прошетка, кафе, разговор не помага, туку дури може и да влоши.

– Тешко заспиваш, врзуваш едвај 4-5 саати сон и тие се за никаде, а преку ден не можеш ниту 20 минути да преспиеш. Мозокот „бучи“ и не ти дава мир ни минута. Менталната состојба уште толку се влошува бидејќи е проследена и со дополнителен физички замор.

– Ти пречат луѓето и чувствуваш потреба да се оддалечиш од сите нив. Дури ни оние кои ти биле блиски веќе не ги чувствуваш како такви.

– Имаш изгубено интерес целосно во нештата во кои вообичаено уживаш, без разлика дали е тоа храна, вежбање, читање книги, гледање серии…

Ова е решливо, не е трајна состојба, само не треба да дозволиш да те „изеде“. Земи си време колку и да ти треба за да се смириш, да успееш да го надминеш она што те мачи и самата да најдеш начин да се избориш. Имаш право на тоа и заслужуваш да ти биде добро.

Tags
Back to top button
Close