За давање лажна надеж треба да се лежи затвор и да им се вика “ај у понеделник ќе излезеш” и така доживотно. Акцент на животно.

Брзањето води до каење

За овие нешта не избрзувајте

Животот го минуваме мислејќи дека немаме време за ништо и дека сè треба да направиме што е можно порано, додека сме млади (што и да значи тоа), посебно кога другите околу нас ни даваат мислење што треба да правиме.

Да, сè во свое време, но тоа не значи дека мора да брзаме, особено што избрзаните постапки може да доведат и до жалење и каење за направеното. Па затоа, не избрзувајте со:

  1. Заљубување

Поточно, не го мешајте чувството дека некој ви се допаѓа со заљубеност. Не секој кој ви се допаѓа е љубов на вашиот живот. Колку порано разграничите, толку полесно ќе ви биде да не избрзувате со носење заклучок дека во некого сте вљубени.

  1. Носење големи одлуки

Голема одлука повлекува и многу размислување и согледување на сите можни добри и лоши страни. Не делувајте инстинктивно, туку земете предвид што сè може да се случи како последица на вашата одлука и дали тоа ви носи бенефит на подолг план.

  1. Губење верба во сите

Разочарувањето од една, две, или седум личности не смее да биде причина да губите верба во сите околу вас. Секогаш постојат оние за кои вреди да ја зачувате.

  1. Брзо јадење

Кога сме изгладнети, се случува да почнеме да јадеме сè што ќе најдеме, само за да го задоволиме чувството на глад. Но, немојте да го правите тоа бидејќи освен што ќе ви биде лошо, на долг план може да предизвика и тешки здравствени проблеми.

  1. Да судите за нечив карактер

Некогаш некого можете да познавате и со години и да не сте свесни за делови од неговиот карактер, па затоа судењето за тоа каков е некој, а го имате видено помалку од трипати, е избрзана и погрешна постапка.

  1. Да мислите дека некого сте запознале добро

Размислете само дали постои некој кој вас ве познава најдобро? Не, така? Дури ни вие самите. Тогаш, не е можно да се „истрчувате“ за некој друг и да тврдите дека веќе го познавате добро.

Дајте им време на овие нешта. Само на тој начин ќе знаете дали првичната проценка ви била точна или не.

Tags
Back to top button
Close