Јас сум толку емотивен човек што ко ќе пројдам покрај фурна и останало едно бурече го јадам за да не биде самичко

Вистини што треба да ги прифатиме

Иако некои се непријатни

Секогаш е лесно да се зборува за другите и да носиме заклучоци, но колку од вас барем за момент помислиле дека за некои работи треба да тргнеме од себе, да ги прифатиме, да се помириме со нив и потоа да видиме како понатаму.

Секогаш е непријатно да се проголта гордоста, да се признае грешката, да се извиниме и да побараме некој да има разбирање за нас, иако на почетокот ништо од тоа не било планирано.

Сепак, тоа е животот, има и такви денови и моменти и мора да прифатиме дека:

  1. Добро е да си признаеме дека не сме совршени, бидејќи сигурно не сме без несигурности и однесувања кои не им се допаѓаат на другите. Ако се освестиме навреме и го исконтролираме егото (тогаш кога треба), ќе се поштедиме од многу непријатни ситуации понатаму.
  2. Избираме да веруваме на зборови, иако однесувањето, енергијата, па дури и говорот на телото ни покажуваат нешто спротивно на она што го слушаме. Вклучете ги сите сетила. Многу повеќе ќе дознаете следејќи го однесувањето, тонот, треперењето во гласот, отколку од самите зборови.
  3. Некои луѓе успеваат да ви ја доведат во прашање самодовербата и свесноста за своите квалитети, колку и да не сте спремни да го прифатите тоа. Поставете ги границите и штитете ги, дури и ако тоа значи дека некој кој го сакате треба да остане надвор од нив.
  4. Нема такво нешто како чекање да бидете подготвени за следниот чекор. Никогаш нема да бидете целосно спремни и некогаш ризиците значат и сигурен пат до успех и реализација на идеите.
  5. Не се плашете од нова врска, нова работа, нови можности и нови пријателства. Она што ве кочи се траумите и стравот кои сте ги имале претходно.

Ете – толку е едноставно. Некои нешта мора да бидат прифатени, бидејќи борбата против нив е удирање во празно. Но, тука сме да си помогнеме во тој процес, затоа што ништо не е позначајно од соодветна поддршка.

Tags
Back to top button
Close