Ако го сакаш, пушти го. Ако се врати, ниедна го нејќела

Сингл на 83 и никогаш посреќна

Џејн Фонда ќе ви каже како

Таа е легенда во секоја можна смисла на зборот, а сега на свои 83, вели дека посреќна никогаш не била, особено затоа што е сингл.

Во едно од последните интервјуа таа изјавила дека веќе не сака никаква врска, но и дека не престанала да фантазира како запознава некој професор или истражувач кој знае да сака, па да се мотивира да му даде шанса. Но, кога би била повторно со маж, би сакала помлад.

„Зарем не е тоа ужасно. Млад, а јас изгледам потрошено“, изјавила саркастично Џејн Фонда

Поради тоа, својот живот го посветува на протести против војна и дискриминација, на заштита на околината, гласноговорник е на оние, тивките, се бори за нивните права. Во својот живот беше мажена трипати, а за бракот со Тед Тарнер, основачот на Си-ен-ен ќе рече дека се чувствувала како да е мажена за 15 различни луѓе. Била послушна сопруга, а од денешна гледна точка се гордее со тоа.

„На овие години сум сингл, а сфатив и дека не би можела да бидам интимна. Не е до нив, до мене е и така е веќе со години“, изјавила актерката, а нагласила и дека веќе не се чувствува привлечно како некогаш.

Но сепак, низ годините во кои била привлекувана од најразлични карактери, мислејќи дека и самата гради нов пат за себе, научила дека всушност само се прилагодувала на потребите на мажот со кој била и приоритет ѝ било да го задоволи.

„А тоа е голем проблем.“

Ја привлекувале мажи кои живеат целосно различен живот од нејзиниот, бидејќи мислела дека учи од нив, но сега е среќна дека иако прилично доцна, ја научила лекцијата дека можеби требало повеќе време и труд да посвети на своето задоволство, наместо на нивното.

Tags
Back to top button
Close