На крај “не е тоа што мислиш” е секогаш тоа што мислиш

Безвременската елеганција на принцезата Ен

И дел од нејзиниот приватен живот

Контроверзната британска авторка Лејди Колин Кемпбел за обвинувањата за расизам во британското кралско семејство тврди дека станува збор за принцезата Ен, ќерката на кралицата Елизабета Втора. Кемпбел инсистира на тоа дека коментарот на Ен бил разбран погрешно.

„Хари, заради споменувањето на културата, сфати дека станува збор за бојата на кожата. Ен изрази загриженост за последиците некој од толку различна култура да се приклучи на кралското семејство и рече дека тоа ќе предизвика проблеми не само за семејството, туку и за децата кои ќе излезат од таа врска. Хари веднаш побрза да ѝ го пренесе ова на Меган, која коментарот го поврза со бојата на кожата. Ова е личност која едвај чека да најде проблем таму каде што не постои“, тврди Лејди Колин.

Тие што ја гледаме „The Crown“ точно знаеме дека приватниот живот на принцезата Ен, ќерка на кралицата Елизабета, не бил многу експониран, за разлика од оној на нејзиниот најстар брат. Може да се каже дека останала во сенка на браќата, бидејќи во тоа време само машките наследници добивале приоритет во линијата за тронот.

Еден од фактите кои ги дознаваме од серијата е дека се гледала со Ендрју Паркер Боуелс, дури и пред нејзиниот брат Чарлс да се запознае со Камила. Денес, таа е 14-та по ред во линијата за наследство на Британскиот трон, а како прва (и единствена) ќерка на моменталната владетелка, нејзина главна титула е кралска принцеза.

Во 1974 имало дури и обид за нејзино киднапирање, но овој настан се уште не е екранизиран во „The Crown“. Иако го негува своето кралско потекло, знаејќи дека сепак нема да стане кралица, често зборува за детството во Бакингемската палата, дека со брат ѝ Чарлс се сакале „како маче и куче“, ги крши кралските правила со политички коментари, но она што никогаш не го пропушта – од најмлади години до сега, е постојаната грижа за својот беспрекорен стил.

Кралската принцеза Ен, иако има 70 години и често е во сенка на членките на нејзиното семејство, како што можеме да видиме во серијата, никогаш не пропушта да биде модерно облечена, во зависност од пригодата. Се чини дека „The Crown“ ќе ја исправи неправдата која со години ѝ беше нанесувана поради контроверзиите во кралското семејство. Вистина е дека како кралска фигура го привлече вниманието откако нејзиниот лик се појави во серијата, а морам да признаам дека актерката Ерин Доерти одлично ја заврши својата работа.

Tags
Back to top button
Close