Како тоа сакаш тројка кога во двојка си нула?

Луксуз е тоа што можеш да го поправиш

Време на обновлива мода

Изминативе години видовме како буквалното копање во плакрите на нашите мајки, тетки, баби може да биде вистински тренд и дека веќе модата ја рециклираме и обновуваме со секоја помината сезона.

Многумина веруваат дека добро сочувано старо парче облека, пар обувки или модни додатоци, со ситни корекции, можат да бидат како нови. Е па, 2021 вели дека овие одржани и поправани работи не само што се добри како нови, туку се и уште подобри од тоа. Многу е нормално да ги игнорираме трендовите од изминатите 5-6 години, но оние од пред 10 години некогаш навистина може да се употребат како инспирација и основа за нешто ново.

Позадината зад сето ова е зачувување на средината од масовното производство и масовното фрлање на нова облека. Како што знаете, многу брендови годишно фрлаат и уништуваат роба вредна милиони бидејќи им било под чест да ја продаваат на попуст. Тоа сигурно е залудно трошење материјали и доведува до дополнително загадување на природата. Некои брендови отидоа до таму што своите рециклирани колекции јасно ги означуваат како „ѓубре“, на пример Вивиен Вествуд, која гледа да биде што поекономична и поштедлива со секоја нова колекција, дури и кога на етикетата пишува „I ♥ CRAP“.

Дали во 2021 ќе добиваме „нови“ колекции кои се направени од она што останало од старите? Еколошко ли е тоа? Дали може да се каже дека светот на модата ќе се претвори во еден голем „секонд хенд“ трговски центар, под етикета дека е „еко“ или „економично“ или „одржливо“? Индустријата е преголема за тоа да се случи наеднаш, но можеби и е вистина тоа што старите го кажале, дека луксуз е она што може да се поправи и пак да е како ново. Веројатно и се во право, со оглед на тоа во колкава количина отпад се гуши светот, од секоја можна гледна точка.

Tags
Back to top button
Close