Гледам Мастершеф. За пола саат прават сос, печат месо во тесто, пире и варен зеленчук. Јас пола саат ножот си го барам.

Нереални очекувања во врска

Како во филмовите

Секоја врска си има пресврти и перипетии, убави денови, лоши денови, ужасни моменти кои го доведуваат односот во прашање, но и такви моменти кои ви покажуваат дека караницата вредела и ве зближила (а и обратно).

Од партнер, но и општо од целиот концепт на врска, можете да очекувате дека ќе имате доста заеднички моменти, дека ќе делите кревет, помали или поголеми грешки кои ќе бидат пресудни како односот ќе се развива, љубов, разбирање, поддршка, заеднички труд и работа на односот и така натаму.

Нормално е да имате одредени очекувања, затоа што сите сакаме да ни е убаво во врската, но не можете да си лежите на увото дека:

Караници нема да има

Ќе ги има и тоа многу, некогаш ќе ве доведат до раб да прекинете, а ако тоа не се случи, откако ќе помине најјакото, двајцата ќе се чувствувате поблиски. Ако нема караница, само молчите и се согласувате тивко на сè што ќе предложи другиот, тоа баш и не е добро и значи дека или не сакате да си ги браните ставовите и баш ви е сеедно кој е во право, или пак истото го мисли партнерот.

Ќе пука од романтика

Романтичните моменти имаат рок на траење и не треба да се повторуваат секој ден. Иако сте заедно, секој од вас си има и лични борби кои ги води, кои не секогаш резултираат со желба за романтика. Во ваквите ситуации е подобро да ја дадете својата поддршка, било со молчење или разговор или некој значаен гест за другиот, но не инсистирајте на романтика ако нема услови за неа.

Никогаш нема да погледнат во никој друг

Колку и да се сакате и да сте блиски, човечкото око нема да одолее ако убава девојка или згоден дечко помине. И тоа не е изневерување. Ако направите проблем од тоа или ако ви направи вам проблем од тоа, тогаш треба да поработите на меѓусебната доверба.

Ќе ги израмните ставовите за сè

Понекогаш е добро да имате покрај вас некој со сосема спротивставени ставови кон животот, политиката, музиката, филмовите, за да научите да правите компромиси заеднички, да ги испочитувате ставовите на другиот, без да се сомневате во љубовта.

Секогаш треба да го имате целото време еден за друг

Ова можете да го очекувате во средно и евентуално во студентските денови. Но, потоа, кога сопствениот живот зазема одреден тек, не можете да очекувате ниту дека ќе добиете, ниту дека ќе го дадете целото свое слободно време на партнерот. Едноставно, тоа е неприродно. Дури и ако живеете заедно, нема да бидете постојано залепени еден за друг.

Tags
Back to top button
Close