Да си живееме во некоја планинска куќа, ти да цепиш дрва јас да цепам виски

И да гледаш траума е траума

Можеш и да се избориш со тоа

Да се биде сведок на траума не е лесно и е подеднакво тешко и може да остави трајни последици.

Можеби самите не сме жртви, но на пример, ако сведочиме како на колешка ѝ се случува мобинг, а знаеме дека лесно може да нè снајде и нас, е траума. Да гледате како група деца тепаат некое друго, помалку моќно од нив, а не можете да помогнете е траума.

Многупати ова зависи и од емпатијата и емоционалната интелигенција, но дури и најцврстите попуштаат кога некој кого го сакаат страда. Чудни сме ние луѓето. За нас можеби и нема толку да нè боли, бидејќи си ја знаеме силата. Но, кога гледаме како некој преживува траума, нашето тело, нашиот мозок, целиот систем што нè прави луѓе – попушта.

Умот ни е програмиран на начин да препознаваме нешто нетипично, ненормално, да сакаме да го спречиме, но да сме немоќни, а потоа истиот тој ум, благодарение на претходна траума, препознава слични шеми на однесување.

Кога зборувам дека луѓе остануваат трајно оштетени и живеат во страв цел живот, мислам точно на ова. Секако дека на директните жртви им е далеку потешко, бидејќи може да се случи да имаат ограничен избор што да направат или каде да побараат помош. Но, оние кои сведочат на тоа, нивниот мозок работи на сосема поинаков начин, постојано во потрага по безбедност.

Поради тоа овие луѓе губат пријатели, партнери, се оддалечуваат од познаници и често имаат истакната индивидуалност, бидејќи траумата ги спречува да веруваат дури и на оние со најдобри намери.

Лечењето или исцелувањето се можни, ако се има соодветна поддршка во тој процес. Имајте разбирање кон себе, бидејќи од вас почнува и кај вас завршува целиот овој процес. Сигурна сум дека ќе научите да не дозволувате емоционалните отворени рани да ве спречат да го извлечете најдоброто од себе. И имате поддршка во тоа.

Tags
Back to top button
Close