Убаво е тоа да те галат по коса додека спиеш. Освен ако живееш сам

Нарцисите и митовите за нив

Прво, не „пукаат“ од самодоверба

Нарцисите се уште една тема за која веќе сме зборувале, а околу нив има толку многу митови, што веќе е тешко да се разграничи што е вистина, а што не, кога се тие во прашање.

Според многумина, тие се полни со самодоверба и тоа го користат за да манипулираат, нивна цел е да уништат што повеќе туѓи животи, за самите да се чувствуваат добро, дека лажат и се измамници и дека тоа е неизлечива состојба. Сепак, многу често забораваме дека и тие луѓе се нечии деца, браќа или сестри, партнери, пријатели, дека можеби и самите се родители и дека за оние кои ги сакаат, ваквата состојба воопшто не е лесна.

Приказната за нив е многу потажна од што можеме да замислиме. Кај нив не постои емоционална емпатија и не се гледаат себе како дел од група, општество или колектив, туку сметаат дека мора да бидат центарот на случувањата. Самите имаат сопствено убедување дека во некаква замислена хиерархија се на високо ниво и дека без нивните знаења, вештини и таленти, никој не може да опстане. Но, веќе претпоставувате што се крие зад сето тоа, нели? Точно, потребата од туѓа валидација.

Поради тоа постојат и овие митови:

  1. Имаат преголема самодоверба

Погодувате, тоа е маска за пред светот, која е резултат на постојаната потреба да заземаат одбранбен став пред сите, со цел да ги импресионираат. Да, толку е комплицирано колку што звучи, но само на тој начин може да ги потиснат чувствата на страв и срам, како и сомнеж во себе.

  1. Сакаат да ги повредат најблиските

Повеќе од јасно е дека не прават ништо добро, но во принцип, луѓето околу нив се колатерална штета, а вистинските жртви се тие, на своето однесување. Но, кога треба да се одбранат, воопшто не размислуваат дали и кого ќе повредат. На крај, другите ќе се оддалечат до нив и ќе закрепнат, а овие? Остануваат сами со себе, без никој свој.

  1. Промискуитетни се

Нивното нарцисно нарушување нема врска со однесувањето во врската и во сексот. И меѓу нив има верни, а има и лажливци. Едноставно, ова тврдење не е точно.

  1. Одлични манипулатори се

Делумна вистина, бидејќи така почнуваат, но во даден момент се заглавуваат до степен што нивните лаги стануваат преочигледни, а дури и самите не вложуваат напори да бидат уверливи. Од друга страна, може да се каже дека во најголем дел од времето само ги користат слабостите на другите за да се стекнат со нешто за себе. И на крај, кога нарцис пробува да ве манипулира, верувајте дека максимум на вториот пат ќе забележите.

  1. Максимално се злобни

Нивното однесување повредува многумина, дури и нив самите на крај, но најголем дел од тоа не е со зла намера. Многу нарциси успеале ова нарушување да го претворат во нешто корисно за нив.

  1. Сите нарциси се шармантни

За ова дури и самите можете да забележите дека не е вистина. Едноставно, по кратко време станувате свесни за тоа и почнуваат да ви бидат напорни и здодевни. Сите сакаме приказни за успех и исполнетост, но точно ја знаеме и границата кога една приказна преминува во фикција.

Нарцисите не се ни херои ни негативци. Тие имаат проблем со емоционалната интелигенција и нивниот фокус е да ја држат стабилна нивната променлива самодоверба и тоа е коренот на сите нивни проблеми.

Tags
Back to top button
Close