Да не зборите дека све е во Барок стил, еве матичното во парк е во Шула Мина стил!

Не баш добра козметика

А масовно се продава

Да не беше периодот на пандемија каков што беше, којзнае дали некогаш ќе ни текнеше да се занимаваме со парабени, сулфати, силикон, киселини, пептиди и слични други поими за кои можеби до лани не ни имавме никакво познавање.

Некогаш си купувавме крем за лице од маркет, гел за туширање кој е на акција, шампон што најмногу пени, но она што ретко го правевме е читање на состав и истражување на состојките. Среќа па, годинава имавме време не само да читаме, туку и да простудираме, а сега и да ги резимирам во еден текст, односно листа која изгледа вака:

Силикон

Го има во многу креми и третмани за коса и иако изгледа дека нуди доволна заштита на кожата, бидејќи создава нешто како пластифициран слој врз неа, реалноста е дека всушност не им дозволува на порите да се ослободат самите од вишокот масла и нечистотии. Од друга страна, за коса се топ, особено кога ја третирате со фен или преса.

Тоници

Оваа година научивме дека евтините тоници за лице содржат многу алкохол, кој ја нарушува кожната бариера и може да предизвика дехидрирање на површинскиот слој на кожата. Поради тоа, може да изгледа сиво или жолто, што воопшто не е нијанса на здрав тен.

Парабени

Уште едно популарно зборче, кое во многу производи за кожа се користи како конзерванс против бактерии и спори на мувла. Сепак, тоа е силна хемикалија и постојат многу научни докази дека може да влијае и на хормоналниот баланс во телото.

Синтетички мириси

Некогаш поим за убав производ беше тој што мириса убаво. Оваа година научивме дека парфимираната козметика може да предизвика алергиска реакција, црвенило, дека можеби баш тоа е причина зошто со години ништо не ви делува… Па, ако купувате, гледајте барем да е со минимум или без парфимирани состојки.

Сулфати

Најмногу ги има во производите за коса, односно и во козметиката која создава многу пена. Сулфатите особено се забранети за оние кои имаат кожни проблеми од секаков тип, вклучувајќи го и првутот во косата.

Tags
Back to top button
Close