Ако не ти се јавил за 3 дена кажи го на девојка му. Нека пати копилето!

Пастелни бои и во зима

Бидејќи сè е дозволено

Ако ги загледате новите колекции на Gucci или Boss, ќе забележите бои кои не сме навикнати да ги гледаме често во зима. Она што ми застана во око најмногу е лаванда-нијансата и тоа ја има и на капути, на мантили, модни додатоци, обувки, секаде.

Можеби оваа боја, но и сите пастелни нијанси повеќе нè потсетуваат на пролет и лето, но 2020 веќе доволно ни покажа дека во ништо не треба да има правила, а особено не во модата. Лаванда виолетовата нијанса последен пат беше измодерена во доцните 90-ти и во текот на 2000-та, заедно со небесно сината и нежно розовата (сигурно се сеќавате XXL како беа облечени на Евровизија).

Но, веќе никогаш потоа не се врати како голем тренд. Виолетовата ја имавме во повеќе варијанти, на пример темно-пурпурна, која веќе неколку години наназад ја гледаме на јакни и капути, како и чизми, чанти, марами, капи и шалови.

Брендот Boss на пример, својата последна ревија ја посвети токму на оваа боја, па дури и осветлувањето, пистата и теписите беа исто во виолетови нијанси. Gucci покажа дека може да се носат и повеќе нијанси на лаванда-бојата, а Jacquemus промовираа фармерки кои веќе се огромен хит на Инстаграм и Пинтерест.

 

 

 

Tags
Back to top button
Close