Цените по хотеливе се по лице…Дволичниве пак у ќар!

Бесот и лутината можат да ве уништат

А можете и да ги запрете навреме

Во светот постојат луѓе кои за сè се лутат, а има и такви кои имаат навистина широки граници на толеранција, кои ако еднаш ги поминете, запознавате верзија од нив каква што не сте можеле ни да замислите дека постои.

Е, овие вторите се најлоши, не за другите, туку првенствено за себе. Кај нив, ви се чини, ништо не предизвикува никаква реакција. Можат да поднесат викање, неправди, па дури и одредени несреќи не ги исфрлаат од баланс, но тогаш доаѓа ден кога некој ќе ги погледне накриво или ќе им префрли за нешто за кое не се ни виновни и… не сакате да знаете, навистина.
Најлошо со нив е што таа грутка со бес и лутина ја носат и со недели, некогаш и месеци и што се случува? Буквално ги јаде однатре и ги троши, ги уништува и ги гризе. И пукаат. И се истураат на некого кој не е ни виновен за тоа. Од една страна успеваат долго да менаџираат со таа лутина, но од друга страна избива во најлош момент. И не само што ги повредуваат другите, туку најмногу се повредуваат себе.

Време е да се порасне!

Дишењето длабоко и избегнување и потиснување на лутината не се здрави избори. Покрај тоа што ве исцрпуваат, можат да ви го уништат и физичкото здравје. Време е моменталната лутина да ја преточите во вистинска реакција, во разговор или во комуникација, наместо да ја складирате и да чекате да експлодира.
Дури тогаш ќе видите дека проблемот бил решлив и дека немало потреба да го собирате во себе и да чекате да ве дотепа.
Прифаќањето на сопствените емоции е знак дека веќе сте возрасна и емотивно зрела личност која знае како да го менаџира својот бес, без да дозволи да остане предолго и да почне да нагризува.
Можеби треба да најдете поинаков начин во справување со проблемите, можеби треба да ги адресирате на вистинското место. Но, посигурно е кога ги решавате сега и веднаш, или ден-два подоцна (затоа што и импулсивните реакции можат да бидат одвратни). Најважно е да не ги игнорирате, да не ги буткате под тепих и да не дозволите самите да се чувствувате безвредно поради нив.

Tags
Back to top button
Close