Ако престанеш да се дружиш со глупи и површни луѓе нема да се нервираш за глупи и површни работи

Еднаш, пред многу години, кога немало ботокс

Ама се снаоѓале

Ержебет Батори била унгарска грофица која живеела од 1560 до 1614. Нејзиното семејство било угледно и многу богато, дел од нив живееле и во Трансилванија во времето на грофот Дракула. Ја омажиле многу млада за моќен генерал на кралската армија и со тоа нејзиното богатство веќе било толку големо што му позајмувала пари на кралот. За свадба од маж и го добила замокот Чехтице кој бил на брдо опкружен со село. Маж и бил често отсутен поради војната со Османлиите па Ержебет се грижела за имотот, слугите и 6те деца. Маж и починал кога Ержебет имала околу 40 години. Била многу популарна и посакувана жена, со оглед на богатството била веројатно најпосакуваната во кралството.

Еден од генералите, Турзоу, пробувал секако да стигне до нејзиното богатство, прво со додворување кое Ержебет го одбила бидејќи немал титула од раѓање туку ја добил од неговата покојна жена. Малку се навредил ама пробал и да ја убеди дека маж и му ветил дел од богатството демек го спасил во војна на што Ержебет му рекла ок дечко ај не ме замарај. И тука почнува приказната. Се заљубила во 20 години помал дечко кој и станал љубовник ама по некое време тој се оженил со некоја 16 годишна благородничка. Ержебет тешко го примила оставањето за помлада и се опседнала со тоа да најде нешто што ќе и ја одржува кожата млада. Немало тогаш ботокси, филери, колагени и слично морала да се снаоѓа со локални тревки и масти. Очајна, почнува да станува лута на цел свет дека старее и еден ден кога си ја тепала слугинката, рацете и станале крвави и откако се измила малку кожата како подоптегната и се гледала. Убедена дека тоа е тоа, крв од девица треба да мачка, ја исцедила цела крв од слугинката и се мачкала по цели денови. Кога снемало почнала да наоѓа други девици, селанки без родители или девојки кои работеле кај неа далеку од семејствата и ја вадела цела крв од нив. И си се мачкала. Едно време сфатила дека ова цедењето многу споро оди, си направила машина со игли каде ги ставала жртвите, да може повеќе крв да исцеди. После некои 6, 7 години, веќе се ближи накај 50тата, не била веќе задоволна со резултатите. Сепак стареела и имала брчки и тогаш и текнало: она грофица е, не и прија на кожата крв од селанки, џабе се мачка. Па решила да убива благороднички.

За селанките не се бунел никој иако околу дворецот наоѓале тела испофрлани и изедени од волци, но за благородничките веќе почнале фамилиите да се прашуваат што се случува. Работава стигнала до кралот, кој бил толку задолжен кај Ержебет што немал да и го врати долгот, и тој го пратил оној Турзоу што и го сакаше богатството да оди таму да види што е работата. Го примила дома на неколку дена ко гостин, овој шетал ноќе по дворецот, нашол соба за мачење, ја нашол машината и му раскажал се на кралот. Може малку и да си додавал, ептен ја мразел Ержебет. Кралот ја уапсил и неа и помошничките, тие раскажале све и ги убиле, а Ержебет ништо не признавала. Малку било незгодно во тоа време да ја убијат Ержебет, и дужеле пари, а и семејството и било ептен моќно и решиле да ја пратат во куќен притвор. Ја заѕидале во една од кулите каде живеела 4 години до својата 54та и починала во сон. Откако починала целиот нејзин имот го земал, погодувате кој, Турзоу, за кого Ержебет тврдела дека све ова и го наместил за да и го земе богатството. Некои извори велат дека убила 200-2000 млади девојки. Приказните одат до таму дека крвта им ја пиела, се бањала во крв, ги јадела, била муза на Дракула и што уште не. Ержебет е позната како првата жена сериски убиец. Инаку била многу наклонета кон црквата со многу богати донации, помагала на сиромашни, отворила болница и била убав пример во општеството. Се додека не се дознало што се случува во замокот. Да имало филери, ботокси, силикони и ласери тогаш, ќе се спаселе многу девојки веројатно. Вака, во потрага по вечната младост, опседната со својата убавина, со свој skincare, Ержебет станува монструм.

 

Tags
Back to top button
Close