Се будиш од попладневна дремка и не знаеш кај си, кој ден е, дали е ден или ноќ, дал имаш сестра или дечко….ок, дечко сигурно немаш..

Зима за жени со стил

Со дезени со текстури со све

Зимската мода можеби се чини како здодевна и монотона, но факт е дека ако искомбинирате правилно бои и текстури, може да добиете навистина атрактивен стилски изглед.Но, мора да признаам дека оваа година има неколку трендови што навистина ми се допаѓаат. Да речеме, капутите со карирани мотиви, во кафеава или бела боја ми се хит.

Ако го искомбинираме тоа со кожено здолниште или тесни панталони, тогаш го добиваме еден од најпопуларните изгледи од уличната мода низ светот. Како парче што многу ми се допаѓа се и карго-панталоните, кои лесно се комбинираат со џемпер и со чизми.

Единствено не знам што да мислам за враќањето на модата од раните 2000ти. Не дека беа лоши тие времиња, но не знам како да се чувствувам кога гледам како повторно оживуваат некои трендови. А можеби и има нешто добро во сето тоа, можноста наместо да купуваме, да ги извадиме од плакар старите парчиња облека и да им парираме на трендовите.

Tags
Back to top button
Close