Од секогаш се прашував дали е првата спонзорајска химна “Колку ти чини Кољо трлото, толку ми чини Кољо грлото”

Ако глуми одлично и не можеш да ја препознаеш, Хелена Бонам Картер е

Изгледа иронично што Хелена Бонам Картер, добитничката на наградата „Британска икона“ никогаш не се чувствувала во Британија како дома. „Мајка ми е половина Французинка и половина Шпанка“, вели таа. „Бев многу посвесна за таа страна на семејството. И мислев дека британските рози треба да бидат русокоси со сини очи“.

Секако, во телото, драматичната темна убавина на Бонам Картер ги рефлектира нејзините медитерански корени, а не аристократското наследство на нејзиното презиме. Ексцентрична, екстремно талентирана, различна во секој улога, позната по тоа дека долго и темелно истражува за ликовите кои ги глуми, Хелена има 2 номинации за Оскар, 46 победи на филмски фестивали и 107 номинации.

Откако беше откриена како тинејџерска ѕвезда таа доминираше со улоги на британски хероини и злобници и во сите ја внесе својата ексцентричност. Нејзината последна улога како принцезата Маргарет е маестрална. Играјќи наспроти спокојната Оливија Колман како кралицата, Бонам Картер е каприциозна, волшебна, моќна, но ранлива, прикажувајќи ги проблематичните средни години на принцезата додека нејзиниот брак пропаѓа.

Тоа е брилијантна и трогателна изведба за која без сомнение помогна фактот што Бонам Картер се сретнала принцезата неколку пати. „Таа беше доживотна пријателка со мојот вујко Марк“, објаснува таа. „Тој беше во Гренадирите, мислам, и ги чуваше Маргарет и Елизабет во Виндзор. А потоа се сретнаа, и мислам дека имаше романса. Беше навистина храбар…“

Хелена Бонам Картер се сеќава дека присуствувала на забави како дете во домот на нејзиниот вујко во присуство на принцезата. Години подоцна, по пожарот во замокот Виндзор, таа беше поканета таму да го прослави неговото обновување. „Маргарет беше сама со пијалок во раката и зборуваше со мене. Таа рече: „Ох, Хелена, ти стануваш подобра, нели во глумата“, се сеќава Бонам Картер. „Типична Маргарет!“

Нејзината слава е товар за неа, а таа ја поткопува со тоа што одбива да ѝ се покори (која друга актерка би се осмелила да носи чудни чевли на Златните глобуси?). Нејзиното прекрасно лице е недопрено од хирург, едноставно не оди по трендовите, таа ги создава.

Бонам Картер тагуваше за крајот на нејзината долгогодишна врска со режисерот Тим ​​Бартон, со кој има две деца, Били и Нел. „Раскинуваш, тагуваш, ти е здодевно да тагуваш, па потоа конечно продолжуваш понатаму“, вели таа сега. „Многу сум среќна со мојот нов партнер. Тоа беше малку неочекувана магија во мојот живот“.

И на професионален план Бонам Картер не застанува.

„Кога наполнив 50 години, се грижев дека е почеток на крајот, но, испадна сосема спротивно. Мислам дека никогаш не сум била посреќна или поисполнета“