Од сите хорор приказни најстрашни ми се тие со банкомат

Барби била спонзоруша

И се викала Лили

Лили била лик од стрип кој се објавувал во Bild-Zeitung, модерна и смела, со долги нозе, сексипилна пин ап девојка. Стрипот бил со суптилна еротска содржина, во The Independent ќе најдете дека била проститутка на високата класа која би направила сѐ за пари, а во описот во Музејот за играчки во Амстердам стои дека е golddigger.

Во еден од стриповите оди кај некоја видовита жена, ѝ покажува слика и ѝ вели „кажи ми го телефонот и адресата на овој богат маж“. Во друг пак оди на плажа во бикини и полицаец ѝ кажува дека ова е плажа само за едноделни купачи на што Лили одговара „кој дел сакате да го соблечам?“. Иако за денешно време ова не е многу скандалозно, но во поствоениот период, стрипот во Билд Цајтунг бил хит и еротски.

Во 1953 година, весникот решава да контактира фабрика за играчки и да произведат кукла Билд Лили која ќе биде наменета за продажба во барови и клубови за мажи и продавници за тутун. Се продале 130 000 парчиња од куклата за мажи ама станала популарна и кај децата.

Во 1959, Рут Хендлер – американска стопанственичка, приметила дека ќерка и Барбара многу се забавува со хартиени кукли. Таа ја сечела Лили од стрипот и потоа и правела облеки, па Рут решила да произведе нова верзија на Лили која ќе ја крсти по ќерка ѝ Барбара нагалено Барби. Мател, компанијата на Рут, ги откупила правата за куклата за возрасни мажи Лили и го спречила нејзиното производство, а Барби ја комерцијализирала како кукла за деца и сега е најпродавана кукла на сите времиња.