Ме застануе вчера џандар ми вика – Пиевте? – 2-3 вина и 2-3 вотки..ваљда. – Да напраиме алко тест? – Не бе уживај,не ми е толку важно.Фала.

“Бордерлајн“ или гранично нарушување на личноста

Можат ли овие луѓе да сакаат?

Со месеци е актуелно судењето меѓу Џони Деп и Амбер Херд, а уште поактуелно стана после пресудата во која актерката ја прогласија за виновна. Мене ме интересираше што се случува со неа, па наидов на информација дека форензички психолог ја дијагностицирал со хистроничко нарушување на личноста и гранично нарушување на личноста.

Двете спаѓаат во „кластер Б“, мојот омилен кластер, драматични нарушувања на личноста, што се манифестира со емоционална нестабилност, потреба од одобрување на другите и уште поголема потреба да бидат забележани. Обично го користат сексот за манипулација. Поради тоа, овие луѓе постојано се театрални, што е и всушност значењето на зборот „хистронички“. Овие луѓе се чувствуваат лошо ако не се во центар на внимание, сакаат да флертуваат, да се облекуваат провокативно, пречувствителни се на критика, постојано се драматични, импулсивно реагираат на се, покажуваат интензивни емоции… па дури и глумат интензивни емоции.

Но, дијагнозата што е посериозна, е граничното нарушување на личноста.

Ова е комплексна состојба, која најпрво се карактеризира со интензивни промени во расположението, немаат контрола врз импулсивноста и не знаат да задржат ниту врски, ниту пријателства. Нивните начини да се справат со сето тоа се граничат со самоповредување. Бордерлајнерите опишуваат дека имаат ролеркостер од емоции во главата, можат од многу сакање во многу мразење да се префрлат во момент. Нивните емоции се многу интензивни, кога сакаат многу сакаат, кога се лути многу се лути, кога се среќни многу се среќни.
Она во кое луѓето веруваат е дека овие луѓе не се способни да сакаат и дека манипулираат, за да добијат повеќе внимание.
Но, иако не знаат како да се однесуваат во некоја релација, тие всушност знаат да сакаат, само што нивните емоции не им даваат доволно стабилност. На овој начин тие ги оттурнуваат луѓето од себе. На оние кои немаат вакво растројтво не им е јасно како може некој да нема воопшто контрола врз своите емоции, па затоа им се чини како да манипулираат и привлекуваат внимание. Реалноста е дека се плашат да бидат напуштени и со цел тоа да не се случи, реагираат поимпулсивно отколку што треба.
Она што ме изненади е дека ваквото нарушување не е ни ретко. Наидов на податок дека на секои 100 луѓе во САД има најмалку еден со гранично нарушувае на личноста, а може да бидат до пет. Посликовито, во една зграда може да имате и 4-5 комшии со вакво нарушување, или пак во зависност од тоа во колкава фирма работите, да има 7-10 колеги со истото растројство. Или, барем еден од вашите пријатели да се соочува со таков проблем.
Добра вест е дека се работи за состојба која може да се лекува и контролира со психотерапија, но и со лекови, во зависност од тоа во кој степен е застапена.

Како да го препознаете кај себе или кај другите?

Симптоми има многу и различно се манифестираат кај различни луѓе. Веќе го спомнавме патолошкиот страв од напуштање. Друг симптом е нестабилност во врските – од блискост до омраза, секој ден, секој месец, цело време. Кај некои има симптоми на нарушување во исхраната, користење алкохол или наркотици, трошење пари, импулсивни одлуки, но и тенденција кон самоповредување и суицидност.
Од потешките симптоми може да се издвојат периодите на анксиозност и екстремна депресија, но и дисоцијација, оттуѓеност и губење контакт со реалноста.
Нарушувањето е последица и на генетски фактори, на општата состојба на менталното здравје, но и на настани од животот кои придонеле кон нарушувањето на менталното здравје. Симптомите варираат и некогаш некој може да страда со години од гранично растројство на личноста, но никој да не забележи се додека симптомите не станат евидентни и/или загрозувачки.
Лекувањето може да биде комплицирано и долго, но нештата се подобруваат со текот на времето, доколку лицето соработува со терапевтите.

Некои улоги на бордерлајнери се претставени во филмовите: Fatal attractionEternal sunshine of the spotless mind, Single white female, Girl interrupted