Мажите да научат да примаат комплимент, а не одма да се преиспитуваат дали носат кондом у џеб

Во свет каде можеш да бидеш што сакаш, биди алфа жена

Алфа не е само некој што е шеф и доминантен

Во денешно време на жени кои се посветени на себе, индивидуални и независни, најверојатно веќе си алфа жена. Алфа жената има многу различни особини на личноста кои ја прават алфа. Во повеќето случаи, алфа жените се раѓаат со енергија што ги тера да управуваат со светот. Ама и да не си родена така, можеш да бидеш, само треба да поработиш малку на себе и на самодовербата. Се разбира, патот до тоа не е воопшто лесен. Потребно е многу време и вежбање. Но, кога имаш волја да го направиш тоа и кога си доволно мотивирана, тогаш си поминала пола пат.

Да се ​​биде алфа жена може многу да ти користи. Би била посилна и помудра и, пред сè, посреќна. Би била свесна за тоа која си и ќе сфатиш дека поентата на животот не е да се потпреш на другите, туку да се бориш сама.

На алфа жената не и треба никој да и каже како да го живее својот живот. Таа е прилично свесна за себе и за своите способности. Таа има строго дефинирани цели и никогаш нема да се откаже од нив. Алфа жената е некоја која се грижи за себе и која го цени животот. Всушност, секоја жена треба да се воспитува и тренира да биде алфа. На тој начин таа ќе знае како да го живее својот живот во потполност и ќе знае како да ги оствари своите соништа.

Алфа жена не чека работите да се случат – таа ги прави да се случат. И дури и ако нешто не е наменето да биде, таа не плаче поради тоа. Тоа е, што е, оди понатака бидејќи на листата на цели за остварување има уште многу.

Мотивирај се

Ако не најдеш мотивација за ништо во твојот живот, тогаш имаш голем проблем. Без никаква волја и мотивација, сè што ќе почнеш да правиш нема да биде толку добро. Затоа, најди голема мотивација за себе додека стануваш алфа. Можеби твојата мотивација би можела да биде жена на која и се восхитуваш и чиј живот би сакала да го живееш. Ако ја познаваш лично, тогаш можеби таа би можела да ти даде некој совет. Набљудувај ја неа и нејзините постапки и учи од неа. Ако не ја познаваш лично, тогаш мотивирај се замислувајќи каков би бил твојот живот доколку станеш алфа. Не идеализирај, едноставно реално гледај според твоите можности како да си го подобриш животот.

Посвети време на твоите цели

Мора да имаш цели во животот и да работиш на нив. Сериозно, стани и направи го тоа, никој нема да го направи место тебе. Ако треба малку повеќе да се едуцираш за да се квалификуваш за работата од соништата, тогаш направи го тоа сега. Нема подобро време од сега да започнеш да работиш на своите цели.

Дај приоритет на сè во твојот живот

Ако навистина сакаш да посветиш време на постигнување на твоите цели, треба да им дадеш приоритет. Алфа жена никогаш не би изгубила време на нешто што не и користи на кој било начин. Затоа, анализирај што не ти користи и престани да одвојуваш време за тоа. Толку едноставно.

Исчисти си го живот

Откако ќе знаеш кои се твоите приоритети, треба да се ослободиш од секого и од сè што не го сметаш за важно во твојот живот. Поминувај време со луѓе за кои навистина се грижиш, а не со луѓе кои ти ја трошат енергијата. Исто како кога чистиш дома, наместо да трошиш време на чистење толку многу работи, подобро е да се ослободиш од она што не ти треба. Минималистичкиот начин на живот значи да имаш онолку колку што ти треба. Немој да се губиш себе во огромен куп непотребни работи и луѓе. Мора да отсечеш од твојот живот се што е токсично за тебе. На крајот ќе видиш дека не ти треба ништо и никој. Можеш да направиш сè сама.

И ако некој не е подготвен да те прифати таква каква што си и да ги поддржи твоите соништа, тогаш време е тој (или таа) да замине. Твојата толеранција треба да има граници.

Тренирај

Најголем приоритет за алфа жената е нејзиното здравје. Таа е свесна дека не може да постигне ништо ако не е здрава. Затоа треба да се грижиш за себе. Ако не си здрава и силна, ништо друго во вашиот живот не е важно. Треба да тренираш и да медитираш или да најдеш некој друг начин кој ментално те релаксира, за да бидеш физички и психички здрава. Вежбај го твојот фокус и помини време во природа. Ќе забележиш колку се чувствуваш посреќна. Ако тренираш, ќе ја зголемиш самодовербата и ќе се чувствуваш како да можеш да направиш сè што ќе замислиш.

Читај

Алфа жена која сака да биде успешна во својата област не престанува да се едуцира себеси. Светот е полн со нови работи за учење и науката се подобрува од ден на ден. Обиди се да читаш постојано за да не ја изгубиш навиката да читаш и да се информираш. Ако работата не ти остава многу време за читање, размисли за аудио книги па слушај ги во кола или додека вежбаш.

Фокусирај се

Дали една алфа жена би дозволила да пропушти нешто важно? Не, нормално. Таа е фокусирана да биде свесна за сè што се случува околу неа и во целиот свет. Таа ги гледа вестите затоа што сака да биде информирана. Таа е љубопитна и секогаш гладна за знаење. Затоа, таа секогаш е фокусирана на сè што се случува и е добро информирана за секоја тема.

Не реагирај на глупости

Ако регистрираш непочит или некакви одвратни провокации во било каква ситуација, не реагирај. Не влегувај во ситуација која друг сака да ја контролира со провокацијата. Не можеш да ги натераш луѓето да те почитуваат, нема што да им докажуваш. Кога веќе гледаш дека некој не те почитува, замини си од таа релација, што ќе ти е некој што не те почитува да ти одзема време во животот. Алфа жена не докажува ништо и не инсистира на ништо. Алфа жена знае точно кога да си оди и тоа не го гледа како откажување туку како победа бидејќи се сака себе и го сака својот мир за кој напорно работи. Мислењето на другите луѓе за тебе обично нема врска со тебе туку има со нив и нивните перцепции и трауми или случки од нивниот живот. Не се секирај што мислат луѓето за тебе, некои нема да те сакаат бидејќи ќе ги интимидираш со твојата енергија и самозадоволство, но тоа е нивен проблем.

Не заборавај зошто почна да стануваш алфа

Ако некогаш ја изгубиш волјата во овој процес, само потсети се зошто воопшто почна. Одвој малку време и запомни каква жена се обидуваш да станеш и што те мотивирало на прво место.

  • Луѓето околу тебе пробаа да те дефинираат и ти почна да веруваш во тоа? Па луѓето кои пробуваат да те дефинираат обично пробуваат да те деградираат за да те спуштат на нивно ниво. Оние кои те поддржуваат никогаш нема да ти направат да се чувствуваш незгодно, напротив, ќе те мотивираат да газиш напред.
  • Некој проба да те убеди дека не си доволно добра во нешто? Манипулација е тоа, батали го. Сака да ти ја тригне анксиозноста да докажуваш дека си добра и со тоа да пробаш да ги задоволиш неговите критериуми кои најверојатно ги нема. Облечи чевлите и оди си од таму, токсично е тоа.
  • Околината ти врши притисок бидејќи поразлично живееш? Па нека седат они нека си живеат како сакаат во група, ти терај си, алфа жена е индивидуалист, не мора да се вклопиш никаде.
  • Ти замераат дека имаш високи критериуми? Не ги спуштај никогаш. Твоите критериуми го дефинираат твојот простор и твоите желби, ако ги спуштиш ќе одиш на ниво на кое не знаеш да егзистираш и ќе ти биде тешко.

Никогаш не дозволувај да ја изгубиш мотивацијата што те поттикна на почетокот да станеш алфа. Не докажувај никому ништо, не моли за внимание и не барај да бидеш одбрана. Алфа жена владее со својот живот, седи каде што и е убаво и каде расте, си оди од таму каде што е токсично и каде нема прогрес.