Шмукајќи упорно со цевката не можете да ја допиете последната капка од чашата ама па може да ве чујат дека сте сељаци до Благодарево

Време за диета

Дојде топлото малце порано, време е за диета. Просто е, помалку калории, повеќе протеин, само така се слабее. Ќе ти предложам еден оброк кој може да го носиш и на работа и кој не е досаден да го јадеш неколку пати во неделата. Ова не е “малку листови за да не ми е тешко на душата”, ова е салата што влегува во просторија и знае колку протеин носи со себе. За една порција, вака стојат работите — прецизно, по грам, без лажење.

Ставаш 75 грама спанаќ. Ниско-калоричен, тој носи цели 15 калории и 2 грама протеин. Не е многу, тој ти е како другар што не прави драма, ама ти е тука кога треба.

Потоа доаѓа 100 грама сварена киноа. Киноа затоа што обичен ориз е “so last season”. Киноата доаѓа со аура на здравствен guru и тивко ти шепка: „Јас сум протеин, ама фин.“ Таа ти дава околу 120 калории и 4 грама протеин.

Сцената ја краде 100 грама печено пилешко. Протеинот што ја спасува салатата од тоа да биде само фотогеничен декор– 165 калории и околу 31 грам протеин. Ова е делот што ти дозволува да кажеш „јадев салата“, а всушност да си сит како после ручек кај баба.

Додаваш 50 грама бобинки – 25 калории, пола грам протеин, ама 100% естетика. Тие се таму за да изгледа како да имаш баланс во животот.

Ставаш 15 грама фета – околу 40 калории и 3 грама протеин. Малку солена, малку драматична, тамам колку што треба.

И 10 грама бадеми – 60 калории и 2 грама протеин. Крцкаат како да коментираат сè што се случува во чинијата.

Па доаѓа дресингот.
1 лажица маслиново масло (10 грама) – 90 калории. Тивки, ама сериозни.
Малку мед и сенф – уште околу 15 калории, чисто за да не биде врската премногу кисела.

Тука имаш отприлика 500–550 калории и околу 40–45 грама протеин. Ова е салата што ти вика: „Јас сум избалансирана, ама и знам што сакам.“ Јадеш зелено, ама градиш мускул. Изгледа лесно, ама е сериозен оброк. И најважно – не глуми дека е нешто што не е. Баш како што треба.