Режисерот на мојот живот да добие Оскар пошо вакво срање не може секој да смисли!

Врски кои не вредат ни минута од твоето време

Батали све што не те прави среќен/среќна

Ако гледате дека нешто не ви прави да ви е убаво, баталете. Не губете време и не се надевајте на чуда ако ви ја цеди енергијата. Едноставно тргнете се од тие што не ве ценат доволно како партнер. Не бидете од оние „се ќе направам за тебе, само да сме заедно“ тип на луѓе, почитувајте се себе.

Ова се неколку видови врски кои ќе ве изморат, исцрпат и истрошат, а тоа ќе ви помогне да ги препознаете и да научите како да се спасите од нив навреме или па, воопшто да не дозволите да станете дел од нешто такво. На пример:

  1. Еднострани врски

Во врската треба да вложуваат сите оние кои се инволвирани во неа, без разлика дали се работи за љубовна врска, пријателска, па дури и семејна. Секогаш едниот ќе дава барем 1% повеќе од другиот, но побитно е да забележите да не сте вие тие што даваат 99%, а добиваат само 1% од другата страна. Тоа е целосно нефер кон оној кој дава и вложува.

  1. За-малку-па-врска

Ова е тој однос кој ниту е врска, ама не е ни сингл-живот, што е многу возбудливо додека тапка во место, но во даден момент бара нешто повеќе. Може да се случи да сакате да го однесете тој таканаречен однос на друго ниво, но партнерот  тоа го игнорира или го одбива, ама па не ве ни пушта да бидете слободни.

  1. Токсични врски

Колку и да сте силни и стабилни, токсичните луѓе ќе ви го нарушат целиот воспоставен личен систем на функционирање. Ќе направат да имате чувство на вина, а тоа ќе ви го повторуваат цело време, додека да ви ја разнишаат самодовербата. Во исто време, никогаш нема да признаат дека го прават тоа, дури и може да ве уверуваат дека сте малку луди.

  1. Врски на далечина

Знам дека ова многумина не сакаат да го слушнат, но бидете реални. Не поминувате квалитетно време заедно, слободното време ви е посветено на Скајпови и Вибери и никогаш не сте толку блиску колку што би сакале. За волја на вистината, некои од овие врски успеваат, но бројот на оние кои целосно ја одземаат енергијата на партнерите е далеку поголем.

  1. „On-off“ врски

Ако цело време прекинувате, па се смирувате, па пак прекинувате и по некој месец се враќате, во даден момент тоа ќе ви дојде преку глава. Оваа е можеби една од најтешките одлуки за раскинување и нема да ве лажам, ќе се чувствувате ужасно откако ќе ставите крај. Но, за неколку месеци ќе сфатите дека само залудно сте се надевале дека последното враќање заедно е конечно и дека сте потрошиле многу време за нешто што не вреди.

  1. Врски без доверба

Кога еднаш ќе ја изгубите довербата во партнерот, секогаш ќе постои онаа ронка недоверба и скептицизам, дури и кога партнерот се колне дека сè е во ред. Сигурно ви се случило нешто такво во животот и не верувате на партнерот на ниту еден збор, бидејќи постојано ве прогонува она што го направил во минатото и сте свесни дека во секој момент можете повторно да бидете повредени.