Каменот од блиску доаѓа ама Ина може да дојде од подалеку – стара народна поговорка

Емоции, женственост и интимност

Претворени во уметност

Käthe Butcher ја искористи ситуацијата со пандемијата за да даде уметнички акцент на интимноста, нешто за кое многу луѓе беа спречени во тој период. За неа, како уметник, ова време било вистинска инспирација.

Пандемијата врз секого влијае на различни начини, а паниката со која таа се соочила во текот на март, ја инспирирала да се изразува поотворено кога е во прашање нејзината уметност и талент. Целото тоа резултирало со импресивната колекција „A Hug In The Garden“, која освен со уметност, зрачи и со многу емоции, интимност и безгрижност.

Бучер во моментов живее во Лондон, но планира да се врати во родниот Лајпциг. Ситуацијата со пандемијата често ја ограничува во нејзиното уметничко изразување и креативноста, но во исто време ја мотивира да биде уште подобра во тоа што го прави. И покрај тоа, нејзините пандемски дела се и повеќе од маестрални.