Ако напраиш некоја беља и мислиш дека жена ти не дознала за 24 часа, дојди да те штипнам за обравчето

За да немаш коса во зима ко глуварче

Зимска нега на коса

Ладното време е сурово за сите типови на коса. Исто како и на кожата и на косата и е потребна заштита од студот за да остане мека и здрава. Придржувајте се на следниве работи за да ја одржите вашата коса во одлична форма, дури и кога е замрзнато надвор:

Носете капа. Важно е да ја покриете косата во текот на зимските месеци за да ја заштитите од сувиот воздух, снег, ветер и дожд. Студот ја суши вашата коса, што ја прави повеќе склона кон кршење. Волната, памукот и другите ткаенини исто така може да предизвикаат кршење, затоа погрижете се да ја обложите вашата капа со свила или сатен за да спречите оштетување. Сувите масла за коса се одлична заштита, а и ќе го спречи електрицитетот на косата од капата.

Купете овлажнувач за воздух. Сакате да знаете изненадувачки начин за борба против сувата коса во зима? Користете овлажнувач за простории. Внатрешното загревање предизвикува воздухот во вашиот дом да стане многу сув, извлекувајќи ја влагата од вашата коса. Навлажнувачите помагаат да се рехидрира воздухот и меѓудругото да се задржи сјајот на вашата коса.

Шишајте се. Скратувањето на косата на секои четири до осум недели е добар начин за одржување на здравјето на косата и одржување на свежината на вашите прамени.

Намалете ја температурата на водата кога се туширате. И покрај тоа што топлиот туш може да биде токму она што го барате кога температурата е под нулата, топлата вода може да ја исфрли влагата од вашата коса што ја прави кршлива. Измијте ја косата со млака вода и потоа исплакнете со ладна. Ако издржите.

Избегнувајте фен и преса. Најдобро е да дозволите вашата коса да се исуши на воздух. Сушењето со фен ја извлекува влагата од вашата коса, зголемувајќи ја можноста за кршење. Сушењето без топлина помага вашата коса да биде сјајна и здрава. Воздржете се од исправување или виткање на косата во текот на зимата. Искористете го ова време за да истражите нови стилови како што се плетенки и пунџи, а и витлерите се секогаш опција.

Не излегувајте со мокра коса. Влажната коса е поподложна на оштетување од сувата. Одење надвор во зима со влажна глава може да предизвика замрзнување и кршење на косата. Ова најмногу се однесува на тие што користат спа центри па сметаат дека не е проблем ако претрчаат до кола.

Користете третман со масло. Кога зимата прави хаос на вашата коса, вратете ја влажноста со третман за коса базиран на масло. Изберете лесна формула со масло од арган за моментално ревитализација на сувата, оштетена коса. Секојдневно нанесувајте хранливо масло за коса на врвовите за да помогнете во надополнување на влажноста и заштита на вашата коса.

Третман за хидратација еднаш неделно. Еднаш неделно користете регенератор или маска што се остава за да ја надополните влагата и да се борите со ефектите од пресата или фенот, греењето во затворените простории и студените зимски ветрови. Сува коса е честа појава кога вашата коса е подложна на студено време затоа најдете производи кои ќе ја хидратизираат.

Регенератор што не се одмива, а одлично ја хидратизира косата е овој од скандинавски бобинки Urtekram Nordic Berries во спреј. Масла и маски на коса можете да си нарачате веднаш од Митра и да ви донесат дома. Разгледајте тука

Третман за хранење на косата еднаш неделно. Исто како што неделните маски за лице се неопходни за здрава кожа, неделните маски за коса можат да направат значителна разлика кога станува збор за сува и оштетена коса. Маските за потхранување коса се брзи и лесни за употреба. Тие ја хранат косата, омекнуваат и хидратизираат, а се ефективни за помалку од 20 минути.

Избегнувајте често миење на косата. Како прво косата не треба да се мие секој ден. Прекумерното миење на косата ги отстранува природните масла кои помагаат да се одржи косата навлажнета и заштитена. Ова е особено лошо во зима кога тие масла се многу потребни. Обидете се да го продолжите времето помеѓу миењето колку што е можно повеќе, барем три до четири дена. Ако обично ја миете косата секој ден, тогаш преминете на секој втор ден. Ако сметате дека вашата коса е сè уште многу сува, обидете се на секои три дена. Друг начин да го продолжите времето помеѓу миењето е да користите сув шампон. Сувиот шампон го отвора вратилото на косата и го враќа животот на вашата фризура. Исто така, ќе ја задржи вашата коса да мириса и да изгледа свежо.