Познавам луѓе што издале книга, не познавам такви кои вратиле позајмена!

Зголемен ризик од семејно и интимно партнерско насилство

Во период на вонредна состојба

Поради новонастаната состојба со вирусот COVID-19 нашата Влада од 11-ти март донесе дополнителни мерки и препораки за сите граѓани во Државата и воведе вонредна состајба во времетраење од 30дена. Една од главните препораки во насока на спречување на ширењето на вирусот е сите граѓани кои можат да останат во своите домови.

Националната Мрежа против насилство врз жените и семејно насилство ја истакнува својата загриженост во овие моменти поради тоа што домот за многу жени кои се жртви на семејно насилство и на интимно партнерско насилство не е сигурно место на живеење. Со овие мерки, жените жртви на насилство и нивните деца (доколку ги имаат) се ставаат во многу тешка и во некои случаи и во животно загрозувачка ситуација. Во држава во која е прогласена вонредна состојба, децата се дома цел ден, се затворени сите кафулиња, ресторани, кафани, затворени се спортските обложувалници, како и сите останати можности за социјални активности, пријателите се дома со своите семејства, затворени се сите места каде може да се канализира агресијата и единствено што останува достапно е семејството, сопругата/партнерката, децата, родителите.

Добро познат факт е дека потребата да се поседува моќ и контрола над другите се едни од основните причини за семејното насилство. Во оваа ситуација во која сите се чувствуваме повеќе или помалку исплашени поради чувството дека ја губиме контролата над своите животи, насилниците ќе пробаат да ја повратат сопствената контрола преку жртвите. Вонредната состојба не мора да значи зголемување на бројот на случаите на насилство (иако не е исклучено дека може да порасне), но секако значи зголемување на интензитетот на насилството во семејства и врски во кои веќе постоело. Жртвата нема да каде да отиде, не може да избега од насилството со одење на работа, или кај пријатели, и е во текот на целиот ден изложена на насилството.

Вонредната состојба го отежнува пристапот на жртвите до сервиси за помош и заштита. Медицинските установи се борат да одговорат на коронавирусот, здравствените системи се преоптоварени, центрите за социјална работа работат со јавувања, што севкупно земено им го отежнува на жртвите пристапот до заштита.

Апелираме до сите надлежните институции – Министерството за труд и социјална политика, Министерството за внатрешни работи и Министерство за здравство независно од моменталната состојба, да постапат професионално при пријава на насилство и да ги превземат сите мерки што им се на располагање во насока на заштита на жртвата и нејзините деца (доколу ги има). Сите повици за пријава на семејно насилство треба да бидат третирани како највисок приоритет, и да се превземат сите мерки  за заштита.

Ги охрабруваме сите жени кои преживуваат некаква форма на семејно или интимно партнерско насилство да го пријават во институцијата/организацијата во градот во кој живеат. Подоле се излистани сите постоечки сервиси поделени по градови.

Скопје

Меѓуопштински центар за социјална работа Скопје

Специјализиран тим за постапување по итни предмети од ранливи категории 076 381 762 и 078 230 943 (работи 24/7)

Служба за брак и семејство и заштита од семејно насилство 075 295 118

Полиција 192

Сервиси за психосоцијална помош и поддршка

Прв семеен центар на Град Скопје, 02/ 3200 007, секој работен ден од 11.00 до 18.00 часот

Институт Алтернатива, 077 791 100, секој работен ден од 09:00 – 16:00

СОС линија 02/15 315, достапна 24/7

Сервиси за бесплатна правна помош и поддршка

Национална мрежа против насилство врз жени и семејно насилство, 075 255 154, вторник, среда , четврток 09:00 – 17:00

Хелсиншки комитет , 072 278 436  и 02/ 3119 073, секој работен ден  09:00 – 14:00

Здружение на млади правници, 02/3220-870, секој работен ден 8.30 – 16.30

Тетово

Меѓуопштински центар за социјална работа Тетово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство,  078 837 111

Охрид

Меѓуопштински центар за социјална работа Охрид , Центар за жени  жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 231 032

Советувалиште за жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 937 916     

 Штип

Меѓуопштински центар за социјална работа Штип,  Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство 076 475 052

Кризен центар за жени жртви на родово базирано/семејно насилство 24/48 часа, 076 475 050

Куманово

Меѓуопштински центар за социјална работа  Куманово, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 077 993 705

Велес

Меѓуопштински центар за социјална работа  Велес, Центар за жени жртви на родово базирано/ семејно насилство 076 340 225 

Организација на жени на општина Велес, бесплатна правна помош како и психолошка помош, 070 645 318 и 075 603 348

Кавадарци

Меѓуопштински центар за социјална работа Кавадарци, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 078 298 015

Прилеп

Меѓуопштински центар за социјална работа  Прилеп, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 075 847 999

Кризен центар за жртви 24/48 часа, 078 289 427

Битола

Меѓуопштински центар за социјална работа  Битола, Советувалиште за работа со жени жртви на родово базирано/семејно насилство, 071 397 875

Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 071 397 145

Свети Николе

Меѓуопштински центар за социјална работа  Свети Николе, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 070 210 995 и 032 443 305

Кочани

Меѓуопштински центар за социјална работа  Кочани, Центар за жени жртви на родово базирано и семејно насилство, 033 274 141 и 033 274 139

Струмица

Здружение на граѓани Скај плус Струмица, Центар за жени жртви на семејно насилство, 078 453 190