Ко ќе ве видам излезени у град ко за на свадба очекувам секој момент да дојдат свирачите и да тргаме по невестата!

Израсната коса не е крај на свет

А може и да се прикрие фино

Во нормални услови мрчењето за израсток на косата е соодветно, но во вакви, рековме, не треба да се изложуваме ниту самите во опасност, ниту пак фризерите и козметичарите.

Ако редовно ја фарбавте косата, нејзиното одржување периодов не е баш лесно како што мислевте, а израснатите корени може да ве иритираат. Пред да почнете самите да си играте фризери по дома и да направите беља што ни десет стилисти нема да можат да ја средат, пробајте да „замаскирате“ на поинаков начин од што сте навикнати.

Додадете волумен

Ако косата ви е тенка, израстокот полесно се потенцира. Затоа е добро ако сте од оние кои мораат да одат на работа, да практикувате волуменозни фризури, кои ќе ги постигнете со фен и со четка, со некој витлер или со фигаро и да избегнувате „залижување“. Сув шампон или лак за коса ќе ви помогнат да го задржите волуменот подолго.

Шноли и плетенки

Постојат милион начини да направите плетенки со предниот дел на косата и на тој начин да го тргнете фокусот од израстокот. Направете две-три лабави плетенки со мали прамени и потоа врзете ја косата во поголема плетенка или во опавче.

Сменете го патецот

Патец на средина е најлош во вакви случаи, бидејќи целосно се фокусира на израстокот. Одберете наместо тоа страничен патец, а можете да експериментирате и со цик-цак разделба или со неправилна форма, бидејќи на тој начин повеќе се прикрива отколку со прав патец.

Венче или марама

Употребете модни додатоци кои ќе го прикријат „преминот“ од една боја во друга и нема да биде толку видлив. Поедноставно од ова, здравје.