Несреќа ми е ако ми пресече пат црна мачка. Несреќа ти е ако ми пресечеш пат со друга #суеверие

И сестра му на Моцарт била гениј ама срамота било

Морала да везе сепак

Марија Ана Моцарт, позната како Нанерл, се родила на 30 јули 1751 година во Салцбург и била постарата сестра на Волфганг Амадеус Моцарт.

Нанерл била гениј за музика, на многу мала возраст успевала да ги отсвири и најкомплицираните композиции и успевала по слух да ги запише нотите на секоја композиција. Волфганг, четири години помал, ја обожувал сестра му и таа му била идол. Кога татко им Леополд сфатил дека и другото дете е музички генијалец решил да ги носи да настапуваат заедно што било спектакл во тоа време. Марија Ана и Волфганг имале екстремно блиска врска, детството им било исполнето со настапи пред разни кралеви и дворови низ Европа, често патувале. Марија Ана била виртуозен клавирски изведувач, а и била многу млада кога почнала да компонира, буквално чудо од дете.

Е, кога наполнила 18 години веќе не можела да настапува, срамота било. Татко ѝ решил дека ѝ е време за мажење и ќе мора да седи дома да поднаучи некои домаќински работи, концертите ги продолжил само со синот. Марија Ана во знак на револт на конзервативниот живот во тоа време го одбива кандидатот за брак иако многу го сакала, се мажи подоцна и раѓа три деца. Иако домаќинка и мајка, успева да одвои време за компонирање, што дознаваме од писмата на Волфганг кој ѝ пишува дека е воодушевен од нејзините композиции. За жал ништо од нејзините дела не е зачувано, сé што се знае е од писмата на брат ѝ.

Нејзината музичка кариера не е многу позната, но таа останува важен дел од историјата на класичната музика како „вундеркинд“. Работела како учителка по пијано се додека ради болест не ослепела и починала четири години подоцна на 29 октомври 1829 година во Салцбург.