Жена не те проверува кај си шо си од две причини или има доверба во тебе или баш ја заболе шо праиш

Козметика што може да биде унисекс

Бидејќи одамна нема веќе табуа

Козметиката не е наменета за жени и нема никаква логична оправданост голем дел од производите да се прават наменски за едниот пол, а други за другиот.

Еве да почнеме од шампон. Можеби поголема логика има тоа што сме навикнати женско да има подолга коса, па да користи повеќе производи за нега, ама не и дека мажите со долги коси не треба на сличен начин да се грижат за неа. Од друга страна, се повеќе жени носат кратки фризури, но тоа не значи дека не можат да преминат на производи за нега што им одговараат, без разлика каква етикета ставил произведувачот.

Многу мажи се среќни со ограничениот избор на козметика исто како што жените се среќни на бесконечниот избор и сето тоа е сосема во ред, од секој можен аспект. Но, тоа не значи дека мажите треба да се помират со акни, сушење на кожата, брчки, неправилен тен и дисколорации. Нема ништо лошо во тоа да користат серум и тоа точно ист како оној на нивната сестра, другарка или партнерка. Ако имаат првут, тоа значи дека можат да користат и „женски“ шампон, ако имаат локни исто можат да користат „женски“ шампон, се додека тоа одговара на нивниот тип на кожа и коса.

Хидратантната крема за лице е унисекс, балсамот за усни (лабело) е исто унисекс производ, СПФ креми, тоник за чистење на површината на кожата, пилинг за тело со гранули, хемиски пилинг, па дури и парфем. Точно, парфем. Не мора на него да стои ознака дека е унисекс. Ако добро ви стои и ви се допаѓа, нема граници.

Не мора да е официјално унисекс за нешто да одговара на сите полови. Користете го тоа што ви се допаѓа и прави да се чувствувате подобро, без ограничувања.