Колку имам за спиење денес, не знам дали ќе постигнам…

Ласери или инјекции: што е најдобро?

Најдобро е да идете на дерматолог

Многу мажи и жени сакаат да ја намалат појавата на фини линии и брчки. Да, и мажи. Повеќето или не се сосема подготвени за хируршки процедури или едноставно би сакале помалку инвазивен третман. Ако ова ви звучи познато, можеби сте добар кандидат за ласерско подмладување или за инјекции за да се решат видливите знаци на стареење. Но, што е најдобро за вас? Па, настрана тоа што секој различно старее, не се сите брчки исти. Некои брчки се појавуваат на површината на кожата, додека други се формираат на подлабоките слоеви на ткивото. И за ова постојат доктори се викаат дерматолози и би било супер пред било што да правите да закажете преглед кај нив и тие да ве насочат.

Ласерско подмладување. Ласерските третмани работат на најгорните слоеви на оштетените клетки на кожата. Иако резултатите не се баш моментални, најдобриот ефект може да се види после 2-3 месеци од првиот третман, но, може да очекувате одлични резултати благодарение на тоа што вашиот организам ќе почне повеќе да произведува колаген. Ласерите го активираат природниот циклус на само-заздравување на вашето тело и можат да го подобрат целокупниот квалитет на вашата кожа со текот на времето. Ги измазнуваат брчките, а нивното повторно појавување е многу споро. Постапката може да биде соодветна за вас доколку сакате да постигнете целосно подмладување на лицето, мазнење на фини линии, брчки, зголемени пори, опуштеност на кожата и хиперпигментација. Ласерските третмани може да се прават на одреден период и може да бидат потребни повеќе третмани за да го добиете саканиот изглед. Но, откако ќе добиете помлад изглед, благодарение на вашиот колаген, тогаш можете да продолжите со по еден ласерски третман на неколку месеци чисто заради одржување на ефектот. Ласерските третмани не болат и не ви ја менуваат формата на лицето. Само изгледате многу помлади и со многу здрава кожа.

Инјекции за намалување на брчките. Кога станува збор за намалување на брчките, инјекциите доаѓаат во два вида: невротоксини и полнила на меките ткива. Работат на сосема различни начини и се дизајнирани за различни цели.

Невротоксини: Невротоксините се токсини кои се деструктивни за нервното ткиво. Невротоксините, како и ботоксот, се инјектираат на прецизни длабочини за привремено да ги корегираат брчките предизвикани со движење на лицето. Третманите се брзи, лесни и нема потреба од закрепнување. Во текот на 3-5 дена, невротоксинот почнува да ги релаксира мускулите со блокирање на сигналите од нервот. Невротоксините може да се користат за намалување на брчките на лицето, но најчесто се прават за длабоки брчки на горниот дел од лицето. Инјекциите базирани на ботулински невромодулатор (ботокс) обично траат некаде од 3-6 месеци. Бидејќи мускулните контракции се прекинати, пациентите можат да го забават процесот на стареење, како и да ги измазнуваат линиите и брчките. Ефектот е само додека траат и брчките се враќаат веднаш по нивното дејство, па за да спречите да станат подлабоки ќе ви препорачаат редовно да се боцкате со невротоксините.

Полнила за меки ткива (филери). Полнилата на меките ткива доаѓаат во широк спектар. Некои се поцврсти за умерени до тешки линии околу носот и устата. Други се потенки и можат да ги третираат деликатните области како усните и околу очите. Кога се вбризгуваат дермални филери, кожата веднаш станува погуста и ве остава без брчки. Филерите на меките ткива се привремени и не го подобруваат квалитетот на кожата. Ако сакате веднаш да ја намалите појавата на брчки, да имате видлив ефект уште другиот ден, филерите за меки ткива може да бидат решение за вас. Третманите може да траат некаде од 6 месеци до 18 месеци во зависност од тоа кој дел го боцкате и избраниот филер. Ефектот трае додека трае дејството, потоа се враќаат брчките. Филерите може да влијаат на формата на вашето лице посебно кога се инјектираат повеќе единици во одреден дел како што се јагодици, уста, вилици.

Она што е многу важно во целиот процес е дека за општата и естетската дерматологија треба да исклучиво да се консултирате со дерматолог кој ќе ве насочи како да ја подобрите вашата кожа, бидејќи здравата кожа е многу битна и доколку сакате да почнете со некои третмани ќе ви каже што е најдобро за вас, кога да почнете и со кои методи.