Ти само напизди ме, другото остави ми го мене!!!

Лето со шешир на глава

И измодерено и за заштита

Сигурно се сеќавате кога ви зборував за СПФ дека треба да најдете начин да ја заштитите и кожата на темето на главата, бидејќи колку и да ни е густа косата, сепак има делови кои се директно изложени на сонце (кое патем, никако да олабави и пржи ептен јако). Некаде може да се најдат и спрејчиња или креми за оваа намена, ама можете и да најдете модел на шешир кој уште подобро ќе ве заштити.

Шеширите веќе одамна не се само за на плажа, туку можете навистина добро да ги искомбинирате и со летните фустани во најразлични бои и дезени. Овој стилски моден додаток можете да го носите буквално секаде, во парк, на кафе, на прошетка (ако ви се шета на времево), кога одите и се враќате од работа, цело време.

Секако, ова не значи дека треба да заборавите да ја штитите кожата, односно не заборавајте на редовната нега и користењето млеко со заштитен фактор, дури и кога седите на тераса, бидејќи во секој случај ви е потребна заштита од штетните УВ-зрачења. Кога сето тоа ќе се надополни со шешир или шапка која ви одговара, изработена од материјал кој најмногу ви се допаѓа, повеќе од сигурно е дека ќе бидете и заштитени и во исто време измодерени.