Постојат два вида на луѓе на плажа 1. излагај од вода да не се дерам народ да ме слуша 2. ИЗЛЕЗИ ОД ВОДА СЕА ЌЕ ГО ВИКНАМ ТАТКО ТИ ИЗЛАГАЈ

Неизмодерено зима 2021/2022

Или што да не носите

Има трендови што од 70ти до денес се задржале на еден или друг начин во модата, со одредени модификации и прилагодувања и може да се случи да дојде во тренд нешто што мајките наши го носеле кога биле тинејџерки. А има и трендови од пред 2 години на кои веќе им е поминат рокот.

Модата и модната сцена е природно да се менуваат, но и да задржат нешто од претходно, бидејќи сигурно на секој не му се купува секоја година капут, мантил, јакна, бунда или чизми, особено што и самите се поквалитетно произведени, за да може да се носат повеќе сезони. Но, ова не значи дека треба со едно парче да поминете неколку зими по ред. Убаво е да имате нешто да смените, но исто така, некои нешта треба да ги пензионирате сезона, две или три, па и да почекате пак да им се врати модата.

Значи, како што рековме, годинава овие работи треба да ви стојат во плакар:

Пепито и ситно карирано

Било да е мантил, блуза, кошула, здолниште, оваа година одете на еднобојна варијанта или на асиметрични шари, наместо на вакви дезени кои се веќе видени и износени. Ако не можете да се откажете од карираното, тогаш одете на двобојна варијанта и во поголеми коцки.

Планинарски чизми

Не дека некој низ град носеше планинарски чизми буквално, туку мислам на моделите кои личат на нив, со врвки, цврсти, со дебел ѓон. Тешкиот и висок ѓон оваа година се комбинира со поелегантни чизми, кои пак во исто време се направени од водоотпорен материјал, а не изгледаат како да сте заминале на рибарење.

Твид

Тоа е оној материјал од кој се направени голем број сакоа и палта, изработен од ткаена волна, најчесто во различни шари. Оваа година можете да го спакувате твидот во кеса и да го оставите за догодина, а овојпат да носите мантили од еко-кожа или пак обична полнета јакна. Со оглед на тоа што се работи за класичен материјал, веројатноста да се врати во мода пак е голема.

Лажно крзно на капа или јака

Не дека некогаш многу ми се допаѓаше овој тренд, но немав ништо против него, сè додека не се појавија оние крзна во флуоросцентни бои. Исто ми е убаво што гледам дека конечно веќе не се носат огромни јаки, поради кои изгледаме како несразмерно градени.

Пуфкасти капути

Изминативе години се носеа капути кои покрај тоа што можевме да ги најдеме во многу бои, изгледаа како да се крзнени однадвор. Сега, пак, можете да уживате во класичен крој, со појас околу струкот, изработен од еднобоен волнен материјал, без текстури, без дезени, во неутрална боја.

Тесни „скини“ фармерки

Оваа година направете нешто добро за својата циркулација и не ги носете оние претесни фармерки, кои се практични за да се носат со високи чизми, но во пракса, само ве стегаат и негативно влијаат врз крвотокот. Можете дури и да експериментирате со најразлични видови текстил за панталонитем дури и пошироки фармерки, кои се далеку попрактични за во зима, кога под нив носите и хулахопки за да се стоплите.