Јас на филм не давам втора шанса, не па на тебе!

Нека светка да се знае кој дошол

Никогаш не е доволно накит

Ниту една модна комбинација не е комплетна ако во неа не е вклучен накит. Накитот, секако, доаѓа во различни големини, материјали, полускапоцени камења, злато, сребро, плетен, рачно изработен… Не секогаш е добра идеја да се следат трендовите, но може да се имаат предвид кога ќе комбинирате оваа есен, да знаете од каде да почнете.

На пример, во сезоната што претстои, се враќа масивниот накит, па дури и комбинирањето повеќе парчиња, за да се постигне максимално измодерен ефект.

Можете да изберете блескави дизајни, злато, дизајнерски, недизајнерски, скапи, евтини, на вас е како ќе ги искомбинирате и ќе ги носите оваа есен. Трендот овојпат е што нема строго дефинирани трендови и што можете самите да ги интерпретирате на начин на кој ви одговара, без воопшто да погрешите.

Извадете го стариот накит кој го немате носено подолго време, видете што останало од вашата мајка, тетка, постара сестра, па после тоа пуштете ја креативноста и спојте ги дури и оние кои на прв поглед изгледаат неспоиво.

На сликиве ќе видите точно на што мислам.