Кога не готвам – не готвам. Ама кога готвам…..боље да не готвам

Нема да го носам целулитот на одмор

Нека не се понаша ко да е газда на телово

Целулитот е одвратен деформитет во вид на штетни материи и масни наслаги кои се формираат во слојот под кожата. Иако се создава под кожата, се гледа и на површината. И изгледа сериозно лошо кога ќе прекрстиме нога, што е резултат на неправилно распоредени масни наслаги под кожата. Целулитот најчесто се јавува на бутовите, задникот, долниот дел на грбот и стомакот. Инаку постојат неколку видови на целулит.

  • Фиброзен целулит – тврд на допир, боли, видлив дури и без допирање на кожата.
  • Масен целулит – мек на допир, видлив само кога кожата е приклештена, не боли, во повеќето случаи се јавува поради лоша исхрана и недостаток на физичка активност.
  • Воден целулит – мек на допир, видлив дури и без допирање на кожата, во повеќето случаи се јавува како резултат на премногу седење, проблеми со циркулацијата и задржување на водата во телото.

Повеќето луѓе ќе ви кажат дека целулитот се јавува исклучиво и само кај жените, но тоа не е точно. Исто така, не е точно дека се јавува само кај дебели и постари луѓе. Вистина е дека дури 90% од жените во светот имаат проблем со целулитот, но оваа појава се јавува и кај мажите. На појавата на целулитот влијаат многу фактори и затоа не треба да го поврзуваме исклучиво со жени, ниту со постари и дебели луѓе. Она што најчесто влијае на појавата на целулитот е начинот на живот на поединецот. Наслаги на масни и штетни материи најчесто се јавуваат кај луѓе кои имаат лоша исхрана, не консумираат доволно вода и течности во текот на денот, пијат премногу алкохол или пушат. Појавата на целулит може да биде последица и на недостаток на физичка активност, прекумерно седење или неподвижност. Други причини за целулит може да бидат тесната облека, загадениот воздух, природно слабата циркулација, стресот, лошото варење… Поради потенцијалниот генетски фактор, никогаш со сигурност не можете да ја спречите појавата на целулитот. Но, доколку тој фактор се исклучи, можно е да се спречи појавата на „кора од портокал“ со промена на начинот на живот на подобро.

Како што целулитот не се појавува преку ноќ, така не може да исчезне толку брзо. Дајте му време, а до тогаш почнете со менување на животните навики.

  • Пијте доволно вода – најмалку 2 литри на ден.
  • Хранете се здраво – исклучете ги слатките, брзата храна, газираните сокови и шеќерот.
  • Кажете му НЕ на тутунот.
  • Намалете го внесот на алкохол.
  • Шетајте секој ден.
  • Тренирајте најмалку два пати неделно.
  • Носете удобна облека.
  • Туширајте се со ладна вода – обидете се да се туширате со ладна вода најмалку минута или две, бидејќи така ќе ја подобрите циркулацијата.

Доколку сакате да му објавите војна на целулитот можете да земете и целулит микс чај кој ќе го пиете во периодот кога ќе го третирате целулитот и надворешно. Чајот содржи хибискус, шипка и глуварче, кои придонесуваат за одржување на нормалниот метаболизам на мастите, а копривата и брезата дополнуваат придонесувајќи за продукција на нормално ниво на урина. Ароматичните нане и маточина придонесуваат за нормално варење на храната.

Можете да одите на оние скапи третмани кои агресивно ќе настапат и веројатно брзо ќе го снема видливиот целулит но тоа е само привремено и површински. Целулитот ќе се врати исто толку брзо бидејќи не ги менувате навиките на живот.  Подобро од брзите и агресивни третмани е да комбинирате здрав начин на живот за да спречите ново појавување на целулитот, а истовремено да го тргнете веќе постоечкиот.

 

 

Еден од најдобрите препарати кај нас е балсамот со екстракт од бршлен кој треба да го масирате нежно секоја вечер додека не се упие. Од него ќе имате видлив ефект. Можете да си го нарачате веднаш од Митра, ќе ви го донесат дома.

 

Дополнително можете да купите сапун за пилинг со антицелулиден ефект и крема. Моја препорака ви е кремата за затегнување и обликување со екстракт од спирулина.  И запомнете дека сè што гледате на вашето тело е реакција на она што се случува внатре во него. Грижете се за вашето тело и сакајте го и тоа ќе ви го врати најдоброто што може.