Може не знам да напраам јадење ама знам да напраам лом!

Не е кафе само за стискање желби

Има и уметност тука

Италијанците се познати по нивната љубов кон кафето, но додека повеќето уживаат во еспресото поради неговиот вкус, уметникот Џулија Бернардели го цени тоа поради неговиот креативен потенцијал. Таа го претвора истуреното кафе во уметнички дела кои личат на детални слики со акварел. Додека повеќето од нас го пијат кафето за да се расонат, некои превртуваат шољи за стискање желби, Бернардели во кафето наоѓа инспирација и вели: „Мојата иднина започнува кога ќе се будам секое утро. Секој ден наоѓам нешто креативно да правам со мојот живот“. Патувањето на Бернардели кон создавање уметност за кафе започнало случајно. Еден ден, случајно истурила кафе врз нејзиното платно додека работела. Но, наместо да исчисти, Бернардели земала лажица и ја искористила за да ја насочи кафеавата течност околу белиот простор.

Денес, Бернардели продолжува да користи лажици наместо четка за боја, но користи и ќибритчиња за да постигне сложени детали. Од архитектонски скици до профили на луѓе, Бернардели зема инспирација од секаде. Таа дури и рекреира ремек-дела од италијанската ренесанса во нејзиниот стил на кафе уметност. Таа ги „наслика“ Мона Лиза, Создавањето на Адам и Раѓањето на Венера користејќи истурено кафе како пигмент. Откако се прослави како почитувана „уметничка за кафе“, Бернардели се разграни во нови, јастиви медиуми. Таа исто така создава уметност од стопен сладолед, овошје, зеленчук и многу повеќе.