Делот после “да ми извини масава” ти кажува све за човеко

Олабавете ги интровертите

И не ги притискајте

Ако се чувствувате подобро кога сте сами, а сте исцрпени по долги социјални интеракции има шанси да сте интровертни. И од одма да расчистиме, интровертност и срамежливост не е исто. За да ја разбереме интровертноста мора да ја знаеме и екстровертноста. Луѓето со повисоко ниво на екстровертност имаат тенденција да:

  • сакаат социјална интеракција и разговори
  • напредуваат во поголеми компании
  • отворени се
  • лесно се изразуваат
  • уживаат во гужви
  • делуваат поимпулсивно
  • избегнуваат да поминуваат време сами

Бидејќи интровертноста лежи на другиот крај од спектарот, таа има тенденција да има спротивни карактеристики. Интровертите генерално:

  • подобро функционираат во тивки средини
  • уживаат во поминувањето време сами
  • покажуваат повеќе резервираност отколку ентузијазам во социјалните средини

Интровертите претпочитаат минимално стимулирачки средини и им треба време сами да се наполнат со енергија. Екстравертите полнат енергија со тоа што се со другите. Ако времето што го поминувате сами ви предизвикува чувства на мир и олеснување, а не на разочарување и стрес, веројатно сте повеќе интровертни отколку екстровертни. Но, да видиме и други карктеристики на интровертност.

Премногу дружење ве исцрпува. Не е точно дека интровертите мразат социјална интеракција и целосно ја избегнуваат. Сепак, им треба повеќе време за полнење енергија помеѓу настаните отколку на поекстровертна личност. Да речеме ако во петок сте излегле со пријателите има шанса во сабота да имате потреба да бидете сосема сами за да се наполните со енергија. На интровертите не им треба никој за да им го крене расположението и да ги наполни со енергија, за разлика од екстровертите што им треба интеракција за да се наполнат со енергија.

Подобро работите сами. Ако терминот „групен проект“ ви предизвика анксиозност и ако работата во групи ви е особено одвратна, сигурно би можеле да бидете повеќе интроверт. Работењето по ваша динамика ви дава време да размислите за вашиот пристап пред да ја фокусирате вашата енергија на задачата, без да морате да се движите по динамиката на групата или да ги следите нивните разговори. Интровертите се одлични фриленсери.

Не сакате да сте центар на внимание и повеќе би сакале да работите зад сцената отколку да сте ѕвездата на сцена. Интровертите попрво ќе одберат да направат феноменална презентација на која ќе и се посветат до најмал детал, но нема да одберат да ја презентираат сами.

Претпочитате тесен круг на пријатели. Многу интроверти имаат само мал круг на пријатели, но тоа не е затоа што не можат да се дружат или да не ги сакаат луѓето. Напротив, многу вниматено одбираат со кого ќе се конектираат бидејќи висококвалитетните врски играат голема улога во среќата на интровертите. Ако сте интроверт, можеби ќе претпочитате да имате неколку блиски, интимни пријателства наместо голем круг на случајни познаници. На крајот на краиштата, ви треба повеќе време за себе отколку на една екстровертна личност, па веројатно имате помалку време да потрошите на поврзување и фаќање чекор со толпата.

Ги запознавате луѓето на подлабоко ниво. Ако имате тенденција да сте повоздржани можеби ќе ви биде сосема природно да слушате и набљудувате од страна. Интровертите одлично проценуваат карактери и точно знаат со кого би можеле да комуницираат, а со кого не.

Знаете да се исклучите на моменти од околината. Дали се фаќате себеси како „бегате“ од непријатни или стресни ситуации така што ќе му дозволите на вашиот ум да талка или да се префрли на нешто порелаксирачко? Оваа тенденција да се изгубите во вашите мисли може да остави впечаток кај другите дека сте срамежливи, расеани или незаинтересирани. Меѓутоа, во реалноста, тоа му помага на интровертот да се справи во напнати или поразителни средини, од гласна празнична забава до состанок каде расте тензијата и може да дојде до конфликт.

Повеќе сакате да пишувате отколку да зборувате. Можеби помислата на муабет ве прави да се згрозувате, но пишувањето на вашите мисли доаѓа природно, особено кога се соочувате со сложени или тешки емоции. Интровертот попрво ќе ви напише порака отколку што ќе ви се јави да зборувате.

Длабоко чувствувате емоции. Кај интровертните луѓе емоциите се поинтензивни и некои имаат проблеми со управувањето со тие емоции. Оваа поголема чувствителност може да помогне да се објасни зошто многу интроверти развиваат депресија.

Многу внимателно влегувате во врски. Интровертите бираат партнери кои ја препознаваат и разбираат нивната потреба за простор и осаменост. Луѓе кои сакаат цело време да се со партнерот, сите активности да им се заеднички и што бараат константно внимание се хорор за интроверти.

Што предизвикува интровертност? Интровертноста, како и другите аспекти на личноста, се развива како комбинација од два главни фактори: гени и околина. Вашиот генетски состав, или особини наследени од вашите биолошки родители, играат клучна улога во одредувањето каде паѓате на континуумот на личноста. Има добри шанси некој роден во семејство на интроверти и самиот да развие интровертна личност – но само делумно поради гените кои придонесуваат за личноста. Околината во која растете исто така има важно влијание. Некои докази сугерираат дека хемијата на мозокот исто така може да игра улога. Накратко, екстровертите добиваат потрес на задоволство или енергија од социјалните интеракции поради допаминот. Спротивно на тоа, интровертите може едноставно да се чувствуваат престимулирани.

Интровертност и срамежливост не е исто

Сигурно можете да бидете и срамежливи и интровертни. Сепак, срамежливоста и интровертноста претставуваат две различни особини. За разлика од интровертноста, срамежливоста нема никаква врска со тоа како ја трошите и враќате енергијата. Срамежливоста често исчезнува додека се прилагодувате на нова ситуација и се чувствувате удобно во вашата околина. На пример, можеби нема да ви се допаѓа да започнете разговор на првиот ден на училиште, но до втората недела, можеби ќе се чувствувате доволно опуштено за да разговарате со соучениците.

Некои луѓе не се ни трудат да ги разберат интровертите па можат да ги карактеризираат како:

Интровертите не ги сакаат луѓето, што е тешка глупост. Во реалноста, интровертните луѓе навистина имаат корист од блиските односи со другите, исто како и повеќето други луѓе. Тие обично претпочитаат да ја заштедат својата социјална енергија за луѓе кои ги разбираат и поддржуваат нивните потреби.

Интровертите имаат социјална анксиозност. Да, ако ги притискате и ако имате нереални желби за нивниот однос кон луѓето и социјализацијата може да ги направите анксиозни. Инаку немаат.

Нешто не е во ред, чудни се. Се е во ред со интровертите, не е тоа ниту болест ниту растројство. Лесно се комуницира со интроверти, само намалете ја еуфоријата и не ги критикувајте.

Интровертите треба само да се трудат повеќе за да бидат социјални. Интровертите не сакаат да се социјални по секоја цена и секое притискање да бидат социјални со сила за нив е стрес.

Доколку сте интроверт, тоа е едноставно дел од вашата личност. Тоа не е недостаток или нешто што треба да го промените или можете да го менувате. Едноставно така функционирате, не може сите да се исти. Да, можеби на одредени луѓе ќе им е чудно што функционирате поповлечено, не се јавувате често, не заглавувате по кафани со многу луѓе, не излегувате на места со гужви, но нема ништо лошо во тоа да ви треба повеќе време да сте сами, да претпочитате сопствено друштво или да имате само неколку пријатели. Она што навистина е важно е да се чувствувате удобно со себе и да се прифатите себеси онакви какви што сте. Тие што ќе се потрудат, ќе ве разберат, исто како што и вие ги разбирате луѓето кои можат цел ден да го поминат со неколку различни друштва и на крај да бидат среќни, а не исцрпени. Оние што нема да се потрудат да ве разберат нека си продолжат по патот или пратете им го текстов.