Ми вика дојди после 9, идам у 10:30 и ми мрчи дека цел живот каснам….па 10:30 е после 9 бе алооо

Педикирот е дел од основната хигиена

Стругајте ги петите

Историјата на педикирот е долга и интересна и се простира низ вековите. Од древните цивилизации до денешниот модерен свет, педикирот е дел од личната хигиена. Почетокот на педикирот се наоѓа во древен Египет, каде што се наоѓаат и првите докази за користење на алатките за нега на ногите. Египјаните го сметале педикирот за важен дел од хигиената и убавината и користеле различни средства и алатки за уредување на ноктите и стапалата. Во времето на древните Кинези и Јапонци, педикирот бил дел од културата и обичаите. Кинеската медицина го присвоила педикирот како дел од традиционалните методи на лекување и превенција на заболувањата. Јапонците, пак, развиле техники како Shiatsu (масажа со притисок на одредени точки на стапалата) и користеле специјални инструменти за уредување на ноктите и стапалата.

Во средниот век, педикирот не бил многу популарен во Европа поради хигиенските и верските верувања. Но со текот на времето, педикирот понатаму се развива и се станува пошироко прифатен. Во 19 век, се појавува модерниот концепт на педикирот како дел од грижата за ногите и нивната убавина. Алатките и процедурите за уредување на ноктите и стапалата се подобруваат и стануваат достапни на повеќе луѓе.

Со развојот на модерната козметичка индустрија во 20 век, педикирот добива уште поголема популарност. Се развиваат специјализирани салони за педикир, каде што клиентите можат да го добијат целосниот трутман за ноктите и стапалата, вклучувајќи ги масажите, терапиите и употребата на козметички производи. Денес, педикирот е дел од рутината за многу луѓе ширум светот. Се користат различни процедури, алатки и козметички производи за уредување на ноктите и стапалата, како што се масажи, терапии со топла вода, пилинг и нанесување на лак за нокти. Историјата на педикирот прикажува колку длабоко е вкоренет во различните култури и колку е важен дел од хигиената, кожата на стапалата, грижата за ногите и нивната убавина.

Педикир можете да си правите и дома, не мора да одите по салони ако не сакате. Тоа што ви треба е она коритце за да ги покиснете нозете, може и обично легенче во кое ставате млака вода во која може да додадете малку морска сол и да исецкате кругчиња лимон и портокал. Со турпија за пети и малие инструменти од ноктарката ќе ги средите стапалцата, а ако сакате можете да го купите и сетот за педикир кој лесно се користи. Го има на Митра, може да го нарачате тука. Откако ќе ги средите стапалата намачкајте хидратантен крем или обновувачки крем. Јас ќе ви го препорачам освежувачкиот крем за уморни стапала кој може да ве одмори од стоење цел ден на штикли. Чувството на освежување е инстантно, затоа и ми се свиѓа. Го има на Митра, #LoveMyJob се вика